Сугуба ектенија

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Сугубата ектенија (грч: εκτενής δέησις) е ектенија што следува во беседата на Божествената Литургија. По својата содржина е блиска на прозбената, и нејзиниот денешен облик потекнува од XV век. На првите две прозби народот одговара со „Господи помилуј“ (грч: Κύριε ελέησον) еднократно, а на останатите со истото молење, само трократно.

Називот сугуба значи „двојна“, „водвоена“, а името го добива поради тоа што на почетокот на ектенијата во два наврати заедницата се обраќа кон милоста Божја. Се состои од дванаесет основни кратки молитви за православниот род, за неговите потреби, за надлежниот Епископ, за сите упокоени, особено за оние што се погребани во близина на местото кадешто се богослужи, за отпуштање на гревовите на присутниот народ и за добротворите. После последната прозба, по потреба, се додаваат прозби за оздравување на болните, за ослободување на заробениците, за престанување на суша / дождови / снег, за заштита од воена опасност и слично.

Ектенијата се завршува со возглас во кој се повикува Божјата милост.

Оваа статија е дел од серијата
Света Литургија
Проскомидија Проскомидија | Литургиски садови | Одежди
Литургија на огласените Голема ектенија | Антифони | Мала ектенија | Мал Вход | Тропар | Трисвето | Апостол | Евангелие | Беседа | Сугуба ектенија | Заупокоена ектенија | Ектенија за огласените
Литургија на верните Херувимска Песна | Голем Вход | Прозбена ектенија | Целив на мирот | Символ на верата | Анафора | Епиклеза | Прозбена ектенија | Оче наш | Причестување | Заамвонска молитва | Отпуст | Антидор
Уреди ја кутијата