Свети Три светители

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Свети Три светители

Празникот на Светите Три Вселенски учители и светители е востановен за празнување во XI век за време на владеењето на благоверниот и христољубив цар Алексиј Комнен. Имено, секој од овие три архиереи - свети Василиј Велики, свети Григориј Богослов и свети Јован Златоуст имаат секој свој посебен ден на празнување во месецот јануари, но во тоа време се појавил голем спор околу тие три светители меѓу верниците.

Едните го поставувале свети Василиј Велики повисоко од другите светители, тврдејќи дека ги надминува другите во делата и словата, при што во него гледале маж малку подолу од ангелите, со цврст дух кому земните работи му биле туѓи; веднаш по него го поставувале божествениот Јован Златоуст кој имал поинакви карактеристики и задачи: едните тврделе требало да ги милува грешниците и да ги води кон покајание. Другите пак, обратно - го возвишувале божествениот Златоуст, како најчовекољубив маж, кој ја разбира слабоста на човечкото естетство и благоглаголив столб кој паствата ја насочувал кон покајание со своите беседи - затоа и го поставувале повисоко од свети Василиј и свети Григориј. Постоела и трета група ревносно стоела зад свети Григориј Богослов, тврдејќи дека со неговата убедувачка моќ на убедување, недостижната длабочина на умот и искуството кое го имал во толкувањето на Светото Писмо; другите пак, го намалувале неговото значење. На овој начин, постоел раздор помеѓу Православните, при што едните се нарекувале себеси јованити, други василијани - а трети григоријани.

По Божја промисла, светите три светители му се јавиле на Свети Јован, епископ Евхаитски кој се прославил со својот добродетелен живот и ученост, најпрво одделно, а потоа и заедно. Заедно почнале да му зборуваат:

- Како што гледаш, ние сме еднакви пред Бога. Помеѓу нас нема никаква поделеност, ниту пак спротивставеност еден кон друг. Во своето време секој од нас, поттикнат од благодатта на Божествениот Дух, ги напиша соодветните поуки потребни за спасение на народите. Тоа пто го научивме тајно, го предадовме на чуѓето јавно. Помешу нас нема ниту прв, ниту втор. Затоа нареди им на оние кои спорат за нас да престанат со споровите, оти ние се грижиме сите краеви на вселената да ги доведеме во мир и едномислие. Исто така, соедини го нашето празнување во еден ден, и состави ни празнична служба и на другите прене си им дека нашето достоинство е исто. А ние ќе бидеме помошници на оние кои го прославуваат нашиот спомен.

Откако го кажале сето ова, се вознеле кон небото, сјаејќи со неопишлива светлина и повикувајќи се еден друг по име.

Блаежниот епископ Јован веднаш го пренел она што го видел меѓу луѓето кои спореле, и меѓу нив веднаш завладеал мир. Го востановил и празникот на светите Три архиереи, како што му било наредено од самите нив. Тука јасно се видела мудроста на овој голем маж: откако увидел дека сите три светители се празнуваат во јануари, (свети Василиј на први, Свети Григориј на дваесет и петти, а свети Јован на дваесет и седми) одлучил денот на споменот да биде на триесетиот ден од истиот месец.

По Божја Промисла овој спор беше решен во корист на Црквата и на уште поголема слава на овие тројца светители. Евхаитскиот епископ Јован (под 14 јуни) имаше едно видение во сон, имено: прво му се јави секој од овие светители во голема слава и неискажлива чудесност, а потоа сите тројца заедно. Тогаш му рекоа: „Ние сме едно во Бога, како што гледаш, и кај нас нема ништо противречно, ... ниту има меѓу нас некој кој е прв или втор“. Светителите го посоветуваа епископот да им напише една заедничка служба и да им се одреди еден заеднички ден за празнување. Со ова прекрасно видение спорот се реши на тој начин што 30 јануари се одреди како заеднички празник за тројцата Свети Архиереи.

Химнографија

Тропар

глас први
Три најголеми светители на трисолнечното Божество
ја просветија вселената со лачите на божествените догмати.
Овие медоточни реки на Премудроста
сите созданија со водите на богопознанието ги напоија.
Василиј Велики и Григориј Богослов, со славниот Јован -
златоговорливиот јазик, сите ние собраните ги љубиме,
поклонувајќи им се, со песни ги почитуваме,
зашто тие за нас на Светата Троица секогаш се молат.

Надворешни врски