Света великомаченичка Екатерина

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Света великомаченичка Екатерина Александриска

Света великомаченичка Екатерина од Александрија (ἡ Ἁγία Αἰκατερίνη ἡ Μεγαλομάρτυς) беше ќерка на царот на александриски Египет, Конста, за време на владеењето на императорот Максенциј (305-313г.) и пострада за Бога во 305г. Нејзиниот спомен се празнува на 24 ноември ст.к. кај словенските народи, а ГПЦ го празнува на 25 ноември ст.к.

Житие

Живеејќи во главниот град, кој воедно беше и центарот на Хеленизмот, света Екатерина беше обдарена со голема убавина и познавање грчката философија, медицината, реториката и логиката. Сите млади мажи од околината, како и од потесното царско семејство ја посакуваа нејзината рака, но ниту еден од нив беше го избрала. Таа им вети на нејзините родители дека е согласна да се омажи само со оној маж, кој би бил пославен, побогат, поубав и помудар од неа.

Нејзината мајка, потајна Христијанка, ја испрати да се советува со нејзиниот духовен отец – свето омолитвено старче кое живееше во пештерите недалеку од градот. Откако ја исслуша, старецот и објасни дека тој познава некој младич кој во сè бил подобар од неа, така што „ Неговата убавина е посјајна од сончевите зрави, Неговата мудрост владее со сè што е создадено, Неговите богатства се распостелени насекаде по земјата – и сето тоа не се намалува, туку на некој начин како повеќе да придонесува за Неговиот престиж над сите. “ Овие зборови ја отворија душата на младата девица и таа посака да Го види Оној Кој во сè е поголем од неа. Вистината, по која таа многу копнееше, старчето ја кажало пред неа. На заминување, доби икона со Пресвета Богородица и Христос.

Екатерина се молеше цела вечер; нејзините прозби беа услижени, и и се јави Пресвета Богородица, како Го испраќа Сина си да погледне на коленичењето на оваа млада девојка пред Него. Но Детето ја сврте главата да не ја гледа Екатерина, велејќи дека таа е грда, дека нејзините предци се недостојни, дека изгледа ко луд просјак – неизмиена со водата на Светото Крштение и незапочатена со печатот на Светиот Дух. Натажена, светата великомаченичка се врати кај старчето; тој ја прими со голема љубов, ја поучи на правата вера и ја преупреди да ја чува својата чистота и да се моли постојано. Потоа ја покрсти. И уште еднаш света Екатерина имала визија со Пресвета Богородица и Христос. Но овој пат Господ нежно погледнал на неа, давајќи и прстен – чудесен подарок за небесен брак. Тој прстен и денес стои на нејзината рака.

Во тоа време и самиот цар Максенциј беше во Александрија, за прославата на некој пагански празник. Поради тоа, прославата беше раскожна и многу луѓе беа дојдени: плачот на жртвените животни, огромните огани и големата толпа ја исполни Александрија. Беа донесени и човечки жртви, и тоа Христијани кои не се откажуваа од Христовото име. Гледајќи ја оваа неправда, исполнета со љубов и вера, Екатерина појде при Жрецот и царот. Се претстави, ја исповеда својата вера во единствениот Бог и ги разобличи грешките на паганите. Нејзината убавина го плени царот. Со цел да ја убеди дека греши, но и за да ја присвои за себе, царот ги повика педесетмина мудри луѓе да се препираат со неа за верата и да ја посрамат. Но Екатерина ги надмудри нив и ги посрами. Разјарен царот нареди сите педесетмина мудреци да се изгорат во оган. По молитвите на Света Екатерина овие мудреци сите пред смртта го исповедаа името Христово и се објавија себеси за христијани. Максенциј, кога го виде ова изгуби надеж дека ќе ја убеди да ја смени верата. Затоа почна да ја убедува да ги прифати неговите ветувања за богатства и слава. Но откако прими остро одбивање, ја фрли во затворот. Кога оваа маченичка беше во затворот, го приведе кон верата војводата Порфириј со двесте војници, а ја обрати кон Христа и самата царица (августа-василиса) која беше восхитена од благодатта која сјаеше од нејзиното лице. Сите пострадаа за Христа. При мачењето на Света Екатерина и се јави ангел Божји, го запре и го искрши тркалото на коешто беше мачена; а потоа и се јави Самиот Господ Христос и ја утеши. После многу мачења ја убија со меч во нејзината осумнаесетта година, на 24 ноември 310 година. Од нејзиното тело истече млеко наместо крв. Чудотворните мошти на Света Екатерина почиваат на Синај, во манастирот изграден од св. цар Јустинијан.

Химнографија

Тропар

глас четврти
Со добродетелите, како со сонцеви зраци,
ги просвети неверните мудреци, и,
како пресветла месечина што на оние кои во ноќ одат,
темнината на неверието им ја тргна и царицата ја увери,
наедно и мачителот го изобличи, богоповикана невесто,
блажена Екатерино, со желба си отишла во Небесниот дворец
при прекрасниот Младоженец Христос, и со царски венец од Него беше овенчана:
Пред Него, со Ангелите стоејќи, моли се за нас,
што твојот пречесен спомен го твориме.

Кондак

глас втори
Честниот собор Божествено, маченикољубци, подигнете го сега,
почитувајќи ја семудрата Екатерина, бидејќи,
таа во арената Христа го проповедаше и змејот го победи,
и разумот на риторите го скроти.

Надворешнив врски