Мошти

Од Православна-енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Повеќе мошти положени на Плаштеница

Свети мошти (грч: Αγια λείψανα) се земни остатоци од светителските тела, одуховени плотски пребивалишта Божји; тие се осведочени храмови на Светиот Дух, во облик цело тело, дел на телото или честица (честицата произлегува од поранешниот обичај на зарделување на моштите со цел што повеќе верници да ги видат, допрат и целиваат, како и поради нивното поставање на Чесната трпеза и антимисот, и поради верувањето во нивната апотропејска, заштитничка моќ). Најчесто, но е нужно, се чуваат во кивот. Како предмет на венерација, почитување во црквата, со посебно внимание се чувале во текот на историјата.

Содржина

Потекло на зборот

Словенскиот збор „мошти“ е именка во можнина, изведена од прасловенскиот глагол „да можеш“; оттука, зборот „мошти“ може да се гледа во двојна форма и значење: како именка - моќ, (со множинска форма - моќи), и како глагол - да можеш (можи, моќи). Од самиот назив се дознава и значењето - моштите се извор на исцеление, на посебно пројавување на Божјата моќ. Затоа односот кон нив е пропратен со целивање, поклони и молитви.

Својства

Преку телото кое целосно, или некои определени делови, не подлегнало на физичките и хемиски закони на распаѓње на материјата, се појавуваат надпиродните Божји дејства, како продолжување на спасителниот богочовечки однос после успението на определен светител. Се разботи за Божји благодатни сили (ενεργεία) кои во светот на видливата стварност се манифестираат преку светителските телесни остатоци. Моштите, како тело кое не подлежи на природно растаѓање претставуваат претходно сведоштво за бесмртноста на личноста и предзнак на воскресението во идниот век и свет. Од времето на Седмиот вселенски собор, во антимисот се вшивува честица од светите мошти.

Пројавата на боженските енергии преку моштите на пророци и светители е позната уште од времето на Стариот Завет. Познат е случајот кога мртовец оживел откако неговото тело се допрело до коските на поророкот Јелисеј (2 Цар 13,21). Уште од најрано време, пак, покрај сликите на свети настани и лица, омилен предмет на почитување во Црквата биле моштите на апостолите и мачениците. Така, после смртта на светиот епископ Поликарп (†155), неговите мошти биле многу ценети. Од времето на светиот цар Константин, е прифатен обичајот кој прешол и во Црковен пропис, ниту една црква (храм) да не смее да биде осветен ако во неа нема мошти на светители. Покрај моштите, се чуваат и почитуваат и предметите кои им припаѓале, или кои на некој начин непосредно се поврзани со нив. Прв повод за тоа е пронаоѓањето на Чесниот Крст Господов, кој го барала и пронашла светата царица Елена, а кој го поделила на два дела: еден дел да биде сместен во Ерусалим, а другиот дел во црквата која ја подигнал нејзиниот син во Константинопол, за подоцна да биде разделен низ целиот свет.

Видете исто така

Надворешни врски

Галерии со мошти

Лични алатки
Именски простори
Варијанти
Дејства
Навигација
Интеракција
Donate

Please consider supporting OrthodoxWiki. FAQs

Алатник
Други јазици