Недела на Свети Јован Лествичник
Преработка од 18:01, 10 март 2010; направена од Iacovibus (разговор | придонеси) (New page: right|frame|Икона на која е прикажана Божествената [[Лествица]] '''Недела на Свети Јован Л...)
Недела на Свети Јован Лествичник е четвртата недела на Велигденскиот пост, и доаѓа после Крстопоклоната недела. Оваа недела Црквата се сеќава на свети Јован Лествичник, духовен светилник и автор на капиталното дело на православната духовност - Лествица.
Значење
Духовно значење
Секоја од неделите на Великиот пост е посветена на определен настан, личност или мотив. Оваа недела Црквата се потсетува на сведоштвото на св. Јован за потребата од вистинска духовна борба („до крв“) за влегување во Царството Божјо. Исто така, овој мотив слуши за поттик на верните кон целта на нивниот подвиг во постот, зашто според Господа, само „оние кои издржат до крај ќе бидат спасени“ (Матеј 24,13).