[[Image:Last Judgement.JPG|frame|right|Страшниот Суд]]
'''Месопусна недела''' (наречена уште и «Недела на Страшниот Суд») се нарекува „месопусна“ бидејќи после неа, за време на сите денови кои следат (до [[Пасха]]) Црквата пропишала ограничен [[пост]] – воздржување од месо. Оваа недела е третата подготвителна недела од Посниот Триод, литургиска книга која се користи за службите во Великиот Пост. Неделата на Страшниот Суд следи по [[Недела на блудниот син|Неделата на блудниот син]], а пред Прочка.
Евангелието кое се чита оваа недела се сеќава на Христовата парабола за Страшниот Суд (Матеј 25,31-46). Ова Евангелие ја надополнува сликата која се создава со Евангелијата од претходните недели, и поучува дека не е доволно да се види Христос, да се видиме себе си какви сме и да се вратиме во домот на [[Бог]]а како блудни синови. Напротив, Црквата учи дека дополнително, секој од нас треба да биде син Божји преку следењето на [[Господ Исус Христос|Христа]] (imitatio Christi), Неговиот Единороден Син, и воочувањето на страшната вистина дека Христос е во секој од нас, и Му служиме преку ближниот.