Отвори го главното мени

Православна-енциклопедија β

Промени

Есхатологија

Додаден 11 бајт, 21:43, 25 март 2008
с
Есхатологијата во Светото Писмо
Како да се помири оваа очигледна противоречност на апостолското сведоштво? Тоа се помирува тогаш, кога ние во едно видение ги обединуваме двете смисли на христијанската есхатологија — историската и онаа, што се открива во благодатното духовно искуство на Црквата.
И тогаш како есхатолошко возвестување се јавува самото [[Свето Евангелие]] на Господ наш Исус Христос, т. е. благовестието за доаѓањето во светот на Спасителот. Последниот — е Христос. Така, во книгата на Тајносозерцателот, апостолот и евангелист Јован Богослов, за Христа вели, дека Он е Првиот и Последниот (''протос'' и ''есхатос''), Кој беше мртов, и еве, жив е (Откр. 2. 8). И Самиот Господ говори: ''Јас сум Алфа и Омега..., Кој е и беше и доаѓа, Седржителот'' (Откр. 1. 8). Така, последните времиња — тоа пред сè е онаа полнота на времињата (Гал. 4. 4), кога се јавува Синот Божји, кој со Воплотувањето станува Син Човечки. Значи — и вистиски, Богопомазан Цар.
Со доаѓањето на Царот-Христос доаѓа и Царството Божјо. Првиот пат тоа доаѓа на незабележлив начин (Лк. 17. 20) за надворешниот свет. Уште повеќе , светот го отфрла Христа како Спасител и Искупител. Но, Царството Божјо наоѓа место во секој Христов ученик и следбеник, меѓу нас христијаните (Лк. 17. 21). Од оваа гледна точка последното време — е времето на искупителното дејствување на Синот Божји и создавањето на Христовата Црква на каменот на апостолското исповедание. Така, апостолот Петар вели: ''Не со гнилежно сребро или злато сте искупени од суетниот живот што ви го предале татковците, но со драгоцената Крв на Христа како непорочно и чисто Јагне, предназначено уште пред создавањето на светот, а кој се јави во последните времиња за вас'' (1 Пет. 1. 8–20).
3.105
уредувања