18.649
уредувања
Промени
с
{{никулец}}[[Image:Proscomidiar.jpg|right|thumb|200px|Жртвеник, Проскомидијар]]
fr
'''Проскомидија''' (грч: Προσκομιδή - принесување; жртвеник, предложение, проскомидијарион, протезис, "мал олтар") се однесува на дел од олтарниот простор во храмот, како и на дел од Светата Литургија; и двете значења се меѓусебно поврзани. Во храмовите, го означува просторот северно од чесната трпеза, во кој се сместуваат богослужбените предмети, се чуваат и подготвуваат чесните дарови за [[Света Евхаристија|Евхаристија]]; самиот тој простор служи и како жртвеник на кој се подготвуваат чесните дарови (покрај жртвеникот има и умивалник, над кој свештеникот ги мие рацете пред почетокот на богослужбата).
Според толкувањата, проскомидијата символично го претставува Витлеем и пештерата каде што се случило [[Рождество Христово|Рождеството Христово]], неговите јасли во кои Новородениот бил положен, но и самата Голгота каде е распнат. Првиот дел од Литургиите на свети Јован Златоуст и свети Василиј Велики е подготовката на [[просфора ]] и вино - чесните дарови. Помеѓу другото, проскомидијата го символизира и безгрешното Христово зачнување и Неговите назаретски години на живот, поради што и самата Проскомидија се врши надвор од погледот на верните, како што и првото време на Христовиот овоземен живот поминало незабележано од Неговите современици. На проскомидијата се подготвуваат даровите кои ќе се принесат на Литургија. На протезата се поставуваат путирот и дискосот. Проскомидијата се врши со пет просфори, кои се спомен на чудото Господово при кое Тој наранил пет илјади луѓе со само пет леба (Матеј 14,17-22). После читањето на подготвителните молитви, свештенослужителот за зема првата просфора, и ја осенува со крстен знак со копјето. Читајќи делови од пророкот Исаија за Христа, го вади Агнецот од средниот дел; го поставува на средината на дискосот, рассечувајќи го од долната страна крстообразно, а од горната го прободува со копјето. Потоа налева вино и вода во путирот, и од втората просфора вади тријаголна честивца во чест на [[Пресвета Богородица]], која ја поставува десно од Агнецот на дискосот. Од третата просфора вади девет честици, во спомен на: пророците, [[Апостоли]]те, Светите Отци, мачениците, преподобните, бессребрениците и другите, и ги поставува лево од Агнецот, во три реда. Од четвртата просфора вади честици за живите, а од петтата за упокоените членови на Црквата, и ги поставува во подножјето на Агнецот. После тоа, свештенослужителот ја благословува кадилницата, ја кади ѕвездата и ја поставува на дискосот. Последователно, ги каде покровите и ги поставува преку дискосот и путирот, и сето тоа го покрива со воздухот. Паралелно на ова, се моли на Бога да ги прими вака подготвените дарови. На крајот од проскомидијата, се кади олтарот и целиот храм. Доколку служат неколку свештенослужители, само еден ја врши проскомидијата; другите имаат право да кажат имиња за живи и упокоени членови на Црквата при вадењето на соодветните честици.
{{Литургија/широк}}
[[Категоријаen:НикулциProskomedia]][[fr:Proscomidie]][[ro:Proscomidia]][[ru:Проскомидия]]