Сиропусна недела

Од Православна-енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Изгонувањето од Рајот

Сиропусна недела, (Масленица), е последната подготвителна седмица пред Великиот Пост, односно седмата недела пред Пасха. За време на оваа седмица, која следи после месопусната, христијаните го имаат отстрането месото од трпезата, а благословено е да се јаде млеко и млечни производи, јајца и риба.

Значење

Оваа недела Црквата се сеќава на изгонувањето на Адам и Ева од Рајот, на кои Бог им заповеда да постат од Дрвото (Битие 2,16). Престапувајќи ја заповедта да не јадат од Дрвото на познанието, тие биле изгонети од градината, воведувајќи ја смртта и распадливоста во овој свет.

Овој ден е исто така познат меѓу народот и како поклади, прочка, што го означува и простувањето кое секој верник го проси од своите ближни на овој ден, како подготовка пред Великиот Пост. Вечерната богослужба е масовно посетена на овој ден, каде се слушаат Господовите зборови за простувањето и постењето, по што во храмот сите си простуваат едни на други.

Евангелието за последната недела е исто така насочено кон постат.

Кога постите, не бидете како лицемерите; зашто тие си ги прават лицата мрачни, за да се покажат пред луѓето дека постат. Вистина ви велам, оти ја добиле веќе својата награда. А ти, кога постиш, помажи ја главата своја и измиј го лицето свое, па да покажеш дека постиш не пред луѓето, туку пред твојот Отец, Кој е во тајност; и твојот Отец, Кој гледа тајно, ќе те награди јавно. (Матеј 6,16-18)

Прочка

После отпустот на Вечерната, Презвитерот стои покрај аналогионот, или пред амвонот. Верните пристапуваат и прават поклон пред иконата, по што прават поклон и пред свештеникот, велејќи: „Прости ми мене, грешниот/грешната.“ Свештеникот исто така прави поклон пред секој од нив, велејќи: „Бог простува. Прости ми.“ На тоа, верниот одговара: „Бог простува.“ и прима благослов од свештеникот. За тоа време се пеат ирмосите на Пасхалниот Канон, или некоја Пасхална стихира. По простувањето со свештеникот, верните си простуваат еден на друг.

За жал, постојат голем број на неправославни традиции поврзани со овој ден, кои погубно влијаат на народната духовност.

Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори
Варијанти
Дејства
Навигација
Интеракција
Donate

Please consider supporting OrthodoxWiki. FAQs

Алатник
Други јазици