Отвори го главното мени

Православна-енциклопедија β

Промени

Шаблон:Featured

Одземени 1.307 бајти, 19:04, 1 септември 2007
с
нема опис на уредувањето
Како сликовна претстава иконата може да има историска, естетска и ареолошка карактеристка, но таа не припаѓа на сакралната уметност, туку на Црковното богослужење, заедно со Светото Писмо и Светите Тајни. Таа не е некој украс, туку визуелно соопштување на невидливата Божја стварност, манифестирана во времето и просторот. За Православната теологија, темелот на иконата или символичното прикажување е вистинско Овоплотување на Синот Божји: „[[И Логосот постана тело]]“ (Јован 1,14). Иконата е последица на Овоплотувањето, затоа што е Христос „''Икона на Богот невидлив''“ (Кол 1,15).
Внатрешниот ред и мир во духовниот живот, за кој сведочат Светите Отци, се пренесени на иконата со спокојни и хармонични потези. Сето тело на светителот, сите детали и поединости, дури и косата, брчките, наборите на облеката и се што го опкружува, се е обединето и доведено до највисоко согласие. Во тоа се состои видливото прикажување на победата врз внатрешната делба и збрка во паднатата човечка природа, во процесот на очистување и преобразување на страстите, до обожение. Содржината на иконата претставува вистински духовен патоказ за животот во Црквата, особено за молитвата. Таа на еден автентичен начин, ослободен од стеснетоста на поимите и зборовите, не учи каков став треба да завземеме во духовниот живот. ([[икона|''повеќе'']])
3.103
уредувања