Отвори го главното мени

Православна-енциклопедија β

Промени

Свети Тајни

Нема измена во големината, 20:48, 18 ноември 2007
с
нема опис на уредувањето
Животот на [[Господ Исус Христос]] непрестано се оприсутнува во Свeтата Црква, а Светата Црква по зборовите на [[Свети Никола Кавасила]] е присутна во [[Светите Тајни]]. Тајни, или misteryon, се свети дејства во кои преку видливо дејство на душата на човекот кој верува, невидливо и се дарува Божјата [[благодат]]. Светите Тајни се постојана мистична врска која го соединува човековиот живот со Бога. Тие се плодови на животот и смртта на Господ Исус Христос и низ нив тече скапоцената крв на Спасителот. Светите Тајни, исто како и Црквата, се и видливи, и невидливи и во секоја од нив се наоѓа надворешен, видлив знак и внатрешна духовна благодат. Според зборовите на Свети Јован Златоуст, тие се нарекуваат тајни токму поради тоа што она во што веруваме за нив не е исто со она што го гледаме; ние гледаме едно, а веруваме во друго.
Како продолжение на тајната на Христовото присуство на земјата, носат во себе две битни обележја: тие се како икона на идниот век и, секогаш се остваруваат во заедница Света Црква. Во нив верниците задобиваат предикус предвкус на Царството Божјо кое дошло и доаѓа, иако сеуште не во својата полнота.
Бидејќи се наоѓаат во Св. Црква, тие се неопходни за сите нејзини членови. Тоа Св. Црква го изразила во десеттиот член од [[Символ на Верата|Символот на Верата]] кој гласи: ” ''Исповедувам едно крштение за опростување на гревовите'' ”. Иако во овој член се спомнува само Св. тајна Крштение, се подразбираат и останатита Св. Тајни, а тоа е спомнато затоа што преку него се влегува во Св. Црква, а и се стекнува право на сите Свети Тајни.
290
уредувања