Отвори го главното мени

Православна-енциклопедија β

Промени

Свети Архистратиг Михаил

Додадени 128 бајти, 19:11, 21 ноември 2007
Православието и ангелските чинови
[[Image:Michael2.jpg|right|frame|Свети Архистратиг Михаил]]
'''Свети Архистратиг Михаил''' (хебр. מיכאל) е еден од најпочитуваните и најпрославените ангели и бестелесни небесни сили; тој е наречен Архистратиг, односно главен заповедник на ангелската војна и [[архангел]], прв ангел, односно ангел од трет серафим (не архангел по чин, туку по служба). Според [[Свето Писмо|Светото Писмо]] и Преданието, неговото застапништо многу пати помогнало во зачувувањето на Вистинската Вера. Неговото име, на хебрејски „Ми ка ел“ значи „Кој е како Бог?“, или „Има ли ко Бог?“ и било борбен извик на ангелите на небесата во борбата против Сатаната и неговите следбеници. Верниците најчесто го повикуваат на помош при одбрана од непријатели и при немири, безредија и војни. Архангел Михаил се празнува на 21 ноември (8 ноември) заедно со останатите Сили небесни и бестелесни, како и 19 септември, кога се празнува споменот на неговите чуда во Колос, со што направил да бликне изворот Хаиротопа близу Колос, кадешто сите болни кои се капеле и ја повикувале [[Пресвета Троица|Пресветата Троица]] и Св. Михаил, биле излечени.
Кога сатаната, Луцифер, отпаднал од Бога и со себе ги повлекол во пропаст еден дел од ангелите, тогаш Михаил станал и возвикнал пред неотпаднатите ангели: „''Да внимаваме! Да застанеме добро, да стоиме со страв!''“ И сите небесни војски на верните ангели громко запеаја: „''Свјат, Свјат, Свјат Господ Саваот исполн небо и земља слави Твојеја!''“
== Православието и ангелските чинови ==
 
(за повеќе, видете [[Ангели]])
Од длабоката древност Божјите ангели се празнувани од луѓето. Но тоа празнување често се одметнувало во обожување на ангелите (4 Царства 23, 5). Еретиците прикажувале сешто за ангелите. Некои од луѓето во ангелите гледале богови, други иако не ги сметале за богови ги нарекувале создатели на сиот видлив свет. Лаодикискиот помесен собор којшто се одржал четири или пет години пред Првиот Вселенски собор, со своето 35 правило го отфрлил поклонувањето на ангелите како на богови и го востановил правилното почитување на ангелите. Во времето на папата Силвестер и александрискиот патријарх Александар (4 век), бил востановен овој празник на Архистратигот Михаил со другите небесни Сили, во месецот ноември. И самото сместување на празникот во ноември има значење, затоа што после март, ноември претставува деветти месец. А се смета дека во месецот март било создавањето на светот. А деветтиот месец после март е земен заради деветте ангелски чинови, коишто се најпрво создадени. Св. Дионисиј Ареопагит, ученик на Св. апостол Павле, т.е. на оној апостол којшто бил воздигнат до третото небо, овие девет ангелски чинови ги опишал во книгата „За небесната Хиерархија“. Тие чинови се следните: шестокрилите Серафими, многуоките Херувими и богоносните Престоли, Господствата, Силите и Властите, Началата, Архангелите и Ангелите. Војвода на целата ангелска војска е архистратигот Михаил.
Меѓу ангелите владее совршено едномислие, еднодушност и љубов, а покрај тоа и потполна послушност на пониските чинови кон повисоките и на сите заедно кон светата Божја волја. Секој народ си има свој ангел пазител, а освен тоа и секој христијанин има свој ангел пазител. Треба секогаш да се сеќаваме дека што и да правиме, јавно или тајно, го правиме тоа во присуство на својот ангел-чувар. А на денот на Страшниот Суд сето огромно мнозинство ангели ќе се соберат околу Христовиот престол и пред сите нив ќе се објават сите дела, зборови и помисли на секој човек.
== Архангел Михаил во Светото Писмо ==
3.103
уредувања