Отвори го главното мени

Православна-енциклопедија β

Промени

Осветување на храмот на Христовото Воскресение

Додадени 2.263 бајти, 13:40, 26 септември 2007
креирање на статијата
Кога [[Света царица Елена|Светата царица Елена]] го пронашла Господовиот Крст во Ерусалим, во таа прилика се задржала подолго во овој Свет град и изградила цркви во Гетсиманија, во Витлеем, на Елеонската Гора, како и на други прославени места од овоземниот живот и подвиг на Исус Христос. А на Голгота, каде што и го пронашла [[Чесниот Крст]], започнала да гради огромна црква под чијшто покрив се наоѓала и самата Черепница каде што беше распнат Господ, како и местото каде што Го погребаа. Светата царица сакала под едно место да ги соедини местото на Неговото страдање и местото на Неговата слава.

Но Елена се преставила кај Господ пред да биде завршен овој величествен храм. Кога го завршиле храмот, токму таа година Константин ја празнувал триесетгодишнината од своето царување. И така и осветувањето на храмот и прославувањето на царскиот јубилеј биле прогласени за истиот ден, 13 септември, 335 година. Во тоа време во Тир заседавал помесниот собор на епископите. И овие епископи, како и мнозина други, притекнале во Ерусалим на торжественото осветување на храмот на Воскресението Господово. И тогаш се востановил тој ден, како ден на победа и триумф на Христовата Црква, да се споменува празнично секоја година.

{{МПЦ}}
[[Категорија:Празници]]
3.103
уредувања