Отвори го главното мени

Православна-енциклопедија β

Аудијанизам

Аудијанизам е ерес која потекнува од четвртиот век, а која името го добила од основачот на учењето, Аудиј (Авдиј). Нивното верување го вклучувало антропоморфизмот (верувањето дека Бог има човечки облик) и квартодециманизмот (празнувањето на Христовата смрт на ист ден со еврејската Пасха). Во 325 година, на Првиот вселенски собор, квартодециманизмот бил отфрлен. Аудијанците, сепак, продолжиле со таа еретичка пракса.