Ѕвездата или ѕвездичка (грч. ό αστερίσκος) е литургиски сад изработен од две превиткани прачки споени накрсно. Ѕвездичката се положува на дискосот за време на Проскомидијата, за да ги придржува покривачите со кои се покира дискосот. Го символизира небесниот свод, или пак, според подоцнежното толкување, ѕвездата што ја виделе мудреците од Исток.