Православната христијанска вера се базира на два суштествени извори светото Писмо и светото Предание, овие два извори го сочинуваат Божјото Откровение. Светото Предание (παράδοσις; предание, усмено пренесување на верата), е нешто кое што се предава и се живее во Црквата а, е научено (предадено) или востановено како пракса, и, е во согласност со учењето на Господ Исус Хрсистос, апостолите и Црквата го прифатила за такво. Православната Црква им дава еднакво значење на двата извори. Благодатна ризница на светото предание е светата Црква Божја. За тоа какво значење има светото предание пишува и во самата Библија Држете ги преданијата на кој сте научени било со наш збор било со посланица. (2. Сол. 2, 15). Исто како и светото Писмо и светото Предание се смета за боговдахновено. Св. Василиј Велики зборува: “од догмите и проповедите кој што ги чува Црквата, некои ги имаме од запишаното учење, а некои потекнуваат од апостолското предание кое што нам како тајна ни е предадено.” До триесетата година по Христа учењето Христово не било запишано, па се пренесувало усно, оттука заклучокот дека светото Предание му претходело на светото Писмо. Оттука пак произлегува дека светото Писмо и светото Предание се две притоки кој се слеваат во големата река на Божјото откровение. На едната страна стои Светото писмо како извор на Божјото Откровение со своите канонски списи, а на другата страна светото Предание исто така како извор на Божјото Откровение, кое што ги опфаќа, кратките излагања и формулирања на верата, апостолските правила, актите на помесните и вселенските собори, делата на светите отци, литургиите, црковно –богослужбените текстови, побожните обичаи, монашките правила житијата на светиите и друго. Всушност светото Писмо правилно се толкува и разбира само низ светото Предание.
Протестанските христијански заедници не го прифаќаат светото Предание сметајќи дека тоа има човечки происход.
За православната Црква секоја догма мора да биде втемелена и во светото Писмо и во светото Предание подеднакво, бидејќи и двете се боговдахновени и имаат Божествен происход.