Отвори го главното мени

Православна-енциклопедија β

Промени

Свети Тајни

Додадени 2.009 бајти, 20:27, 31 јануари 2008
нема опис на уредувањето
За Свети Тајни во Православието се сметаат сите нешта, од најмалото до најголемото, и за неа сѐ е Света Тајна. Сиот живот во Бога е светотаински. Животот на [[Господ Исус Христос]] непрестано се оприсутнува во Свeтата Црква, а Светата Црква по зборовите на [[Свети Никола Кавасила]] е присутна во [[Светите Тајни]]. Тајни, или misteryon, се свети дејства во кои преку видливо дејство на душата на човекот кој верува, невидливо и се дарува Божјата [[благодат]]. Светите Тајни се постојана мистична врска која го соединува човековиот живот со Бога. Тие се плодови на животот и смртта на Господ Исус Христос и низ нив тече скапоцената крв на Спасителот. Светите Тајни, исто како и Црквата, се и видливи, и невидливи и во секоја од нив се наоѓа надворешен, видлив знак и внатрешна духовна благодат. Според зборовите на Свети Јован Златоуст, тие се нарекуваат тајни токму поради тоа што она во што веруваме за нив не е исто со она што го гледаме; ние гледаме едно, а веруваме во друго.
Како продолжение на тајната на Христовото присуство на земјата, носат во себе две битни обележја: тие се како икона на идниот век и, секогаш се остваруваат во заедница Света Црква. Во нив верниците задобиваат предвкус на Царството Божјо кое дошло и доаѓа, иако сеуште не во својата полнота.
Бидејќи се наоѓаат во Св. Светата Црква, тие се неопходни за сите нејзини членови. Тоа Св. Светата Црква го изразила во десеттиот член од [[Символ на Верата|Символот на Верата]] кој гласи: ” ''Исповедувам едно крштение за опростување на гревовите'' ”. Иако во овој член се спомнува само Св. тајна Крштение, се подразбираат и останатита останатите Св. Тајни, а тоа е спомнато затоа што преку него се влегува во Св. Црква, а и се стекнува право на сите Свети Тајни.
== Седумте Свети Тајни ==
== Значење ==
* Преку Светата Тајна Крштение, на таинствен начин , преку трикратно потопување во водаво името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух човекот повторно се раѓа за нов духовен живот (Јн. 3.5; Мк.16.16). Со Крштението се станува член на Светата Христова Црква, и без оваа тајна, не се можни другите Свети Тајни. При Крштението човекот се откажува од сатаната, се покајува и го исповедува Символот на верата. Основен предуслов за Светото Крштение е верата во Господ Исус Христос, дека Тој е Син Божји, дека пострада на Крстот и воскресна, и дека повторно ќе дојде да им суди на живите и мртвите.* Миропомазанието е Света Тајна во која преку помазување на одредени делови од телото(чело, уши, нос, уста, гради, рамена, раце и нозе) со Свето миро, во името на [[Пресвета Троица]], на крстениот му се даваат посебни дарови на Светиот Дух, кои го крепат, осветуваат и усовршуваат во духовниот живот (Мт.3.16; Мк.1.10; Лк.3.2). Се извршува после Светото Крштение. Тоа што за телесното напредување на новороденчето е мајчиното млеко, тоа за духовниот напредок на новокрстеното новороденче е Светото Миропомазание. * [[Света Евхаристија|Светата Евхаристија]], односно Причеста по зборовите на [[Свети Теодор Студит]] преставува повторување на целиот Домострој на спасението. Овде човекот во вид на леб и вино се причествува за вечен живот со вистинското тело и крв на Својот Спасител [[Господ Исус Христос]] (Мт.26.26-28; Лк.22.19). Светата Евхаристија се припрема и прима за време на [[Света Литургија|Светата Литургија]], а е востановена од самиот Господ Исус Христос. Постојат поделени мислења околу тоа колку често треба некој да се причестува. Секој верник ова прашање го решава со својот [[духовник]].
* Целта на Св. тајна Покајание е повторно да нѐ измири со Бога. Секој [[грев]] нѐ одвојува од Бога, но покајанието е лек за секој грев, а со тоа и лек за секоја духовна смрт. Нема грев од кој човек не може да се ослободи преку покајанието и покајничката исповед (Мт.18.18; Јн.20.23).
* Свештенството е тајна во која Св. Дух преку молитва и полагање на раце од страна на [[епископ]] за време на [[Света Литургија]] дава на правилно избрано лице, благодат за вршење на Св. Тајни и раководење на Христовото стадо во вера и побожност. Значи, свештеникот станува посредник пред Бога по примерот на Христа (Тит 1.5).
3.103
уредувања