Отвори го главното мени

Православна-енциклопедија β

Промени

Манастир

Додадени 2.774 бајти, 12:56, 2 април 2009
New page: {{никулец}} '''Манастир''' (грч. μοναστήριον, μονή), е монашка населба, комплекс на градби која е устроен во ...
{{никулец}}

'''Манастир''' (грч. μοναστήριον, μονή), е монашка населба, комплекс на градби која е устроен во склад со строго определен начин на живот и монашни потреби. Манастирот е уточиште на овоземниот свет во кој монасите се посветуваат на молитва и подвиг во потрага за сопственото спасение и спасението на оние за кои се молат. Севкупниот простор на манастирот претставува светилиште, чие символично средиште е главната црква - католикон.

== Организација ==

Во манастирите, животот може да биде организиран како киновија (κοινόβιον) - општежителство, заедништво на сите жители, идиоритмија (ίδιορυθμία), каде монасите имаат своја сопственост и се грижат сами за себе, и лавра (λαύρα) во која одделни одредби на овие заедници биле обединети. Бидејќи во првите векови не постоеле монашки заедници, усвоениот модел во Византија најчесто вил киновиски, дополнително определен и дефиниран со манастирски устав - типик, за секоја заедница одделно. Почитувајќи ги општите Црковни одредби, типикот го издавал ктиторот, односно основачот на манастирот, давајќи му административна организација, однесување на монасите и други правила. Во определени манастири, како посебна целина, постоел и литургиски типик, со кој бил уреден редоследот на дневните богослужби. Секој манастир има старешина - игуман, а некои од монасите во манастирот кои се со посебни титули (иконом, еклисијарх и сл.) имаат дополнителни обврски да се грижат за црквата, трпезаријата, ризницата, архивата, библиотеката и другите потреби и содржини на манастирот.
3.103
уредувања