Разлика помеѓу преработките на „Велики Вторник“
с |
с |
||
Ред 10: | Ред 10: | ||
== Нов Завет == | == Нов Завет == | ||
− | * Матеј 22:15-23:39 | + | * Утрена: Матеј 22:15-23:39 |
− | * Матеј 24:36-26:2 | + | * Литургија на претходно осветени дарови: Матеј 24:36-26:2 |
== Стар Завет == | == Стар Завет == | ||
− | * Језекиил 1:21-2:1 | + | * Шести Час: Језекиил 1:21-2:1 |
− | * Исход 2:5-10 | + | * Вечерна: Исход 2:5-10; Јов 1:13-22 |
− |
Преработка од 17:16, 21 април 2008
На Велики Вторник се споменува Господовото изозбличување на книжниците и фарисеите, Неговите беседи и параболи изречени во Храмот Ерусалимски, за данокот ќесарски, воскресението на мртвите, за Страшниот Суд, десетте девојки и талантите, Божественото достоинство на Месијата како и за најголемата заповед на Законот.
На Утрената на овој ден се чита дел од Евангелието по Матеја, каде Господ не еднаш, ами повеќе пати ги разобличува книжниците и фарисеите, велејќи им седум пати „Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери“; истовремено, Тој ги разобличува како и садукеите кои не верувале во воскресението, како и закониците. Ова разобличување го завршува со страшните слова за осуда „Змии и породи апсидини, како ќе побегнете од пресудата за во пеколот?“(Матеј 23,33)
На Велики Вторник се случила и Господовата беседа на Маслиновата гора за Неговото Второ доаѓање и крајот на светот. По пат, Тој им говорел за разурнувањето на Храмот, што и всушност се исполнило во 70 година, кога Римјаните го завзеле Ерусалим и го разурнале, и нешто подоцна, за време на владеењето на императорот Трајан бидат уништени сите негови траги. И иако војскоцодецот Тит се заложил храмот, како уметничко чудо да биде зачуван, Божјата волја се исполнила и од жарче случајно оставено од еден римски војниц, сиот Храм се запалил и изгорел.
Второто Христово доаѓање е прикажано преку параболата за десетте девојки, и доаѓањето на Женикот во невестинскиот дом, при што мудрите (далекувидни) пет девојки се вистинските христијани, кои Го чекаат Христос, и имаат вера и љубов, и добри дела, додека „лудите“ се оние христијани по име, кои немаат добри дела, и кои нема да учествуваат на свадбената гозба.
На Вечерната на овој ден за последен пат се извршува великопостното Големо повечерие.
Нов Завет
- Утрена: Матеј 22:15-23:39
- Литургија на претходно осветени дарови: Матеј 24:36-26:2
Стар Завет
- Шести Час: Језекиил 1:21-2:1
- Вечерна: Исход 2:5-10; Јов 1:13-22