Отвори го главното мени

Православна-енциклопедија β

Промени

Свети Наум Охридски

Додадени 47 бајти, 19:14, 29 декември 2007
с
нема опис на уредувањето
[[Image:SaintNaum.jpg|thumb|right|Свети Наум Чудотворец Охридски ]]
Свети Наум патуваше во Рим, каде што се прослави со чудотворна моќ и со голема ученост. Знаеше многу јазици. Со помош на царот Борис Михаил, по враќањето од Рим тие се населија на бреговите на Охридското Езеро. Додека [[Свети Климент Охридски|Свети Климент]] дејствуваше како епископ во Охрид, дотогаш Свети Наум основаше манастир на јужниот брег на езерото. Тој манастир и денес го краси брегот како што и името на Свети Наум ја краси историјата на словенското Христијанство и низ вековите беше извор на чудотворна сила и засолниште за болните и за неволните.
Околу Свети Наум се насобра мноштво монаси од сите страни на Балканот. Беше мудар учител, единствен раководител на монасите, одлучен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Неуморно се трудеше и на преведувањето на Светото Писмо и на другите црковни книги од грчки на словенски јазик. Вршеше чуда и за време на животот и после смртта. Неговите чудотворни мошти до ден денес восхитуваат со многубројни чуда, посебно со исцеленијата од тешки болести, особено од лудило. Се упокои во првата половина на 10 век.
{{МПЦ}}
3.103
уредувања