Отвори го главното мени

Православна-енциклопедија β

Промени

Свети Наум Охридски

Одземени 8 бајти, 14:30, 1 јули 2008
с
Кратко житие
Не постојат ниту најнужни податоци во врска со неговото конкретно потекло, место на раѓање и образование.
Преподобен Наум ги обучувал Словените во писменоста, ги распространувал богослужебние богослужбените книги, кои рамноапостолните браќа ги превеле од старогрчки јазик на словенски. Во 868 г. во Рим, папата Адриан II (867-872) го ракоположил преподобниот за ѓакон, а потоа тој го примил и чинот презвитер. Папата Адриан II го признал како богоугодно делото на Словенските учители, ги осветил словенските книги и благословил да се служи литургија на словенски јазик.
Најтешки искушенија поднеле свети Наум и другите ученици на свети Методиј по преставувањето на свети Методиј во 885 г., кога епископ Моравски станал непријателот на словенската просвета – германот Вихинг. Проповедниците биле фрлени во темница, приковани во окови, подложени на мачење. По нивните молитви Господ јавил чудо: настанал земјотрес, ѕидовите на затворот паднале, оковите се скинале. Народот, кога го видел тоа, поверувал во светоста на затворениците, но Вихинг го прогласил Божјиот знак за ѓаволско дејство и го прогонил свети Наум со неговите соподвижници од Великоморавија.
 Светите проповедници, движени од Божјата Промисла, творејќи многу чуда, стигнале до Дунав. Таму тие се разделиле на групи. Некои од нив тргнале кон Мизија, други во Дакија и Илирија, „Божјото слово умножувајќи „умножувајќи го насекаде Божјото слово стократно.”
Преподобен Наум заедно со светите Климент и Ангелариј отпатувале во Бугарија. Светиот бугарски цар Михаил (Борис), кој го покрстил својот народ во 865 г., со радост ги примил учениците на светите Кирил и Методиј. Тој им наложил да ги распространуваат и умножуваат словенските богослужбени и проповеднички книги. Преподобен Наум почнал да учителствува и проповеда во манастирот изграден во чест на свети Пантелеимон, близу Преслав.