Отвори го главното мени

Православна-енциклопедија β

Промени

Свети Василиј Острошки

Додадени 840 бајти, 16:49, 30 септември 2008
Житие
Некои соседи, потурчени Срби, ги замразиле неговите родители, и таа омраза ја пренеле и врз нивното дете, поради неговата побожност. Тоа биле првите искушенија за младата душа, едно од првите со кои ќе треба да се справува низ целиот негов живот. За да го заштитат од непријателите, а и сакајќи да го описменат, неговите родители решиле да го испратат во најблискиот манастир, наречен Завала, посветен на Воведение на Пресвета Богородица, а во која игумен бил неговиот чичко Серафим. Манастирот бил познат низ цела Херцеговина и бил поприлично богат, и таму благоразумниот Стојан се поучувал со мудроста на Светото Писмо и светите отци, у душата му се распламтила во љубовта кон Бога, за прв пат јавувајќи се кај него желбата за замонашување. Во манастирот во Завала преподобниот останал некое време, и потоа заминал во манастирот Успение на Пресвета Богородица во Тврдош, во Требињскиот крај кој бил седиште на истоимената епархија. Живеејќи во овој манастир, Стојан уште повеќе го засакал монашкиот живот и ги зголемил своите подвизи, затоа што посакал токму таму да го прими светиот и ангелски монашки чин. Целото време го минувал во пост, молитва и бдение, и во телесен труд. На замонашувањето, го прима името Василиј. Ова име му служело како патоказ за идното подвижништво и епископство, да се угледа на големиот црковен ереј [[Свети Василиј Велики|Василиј Велики]].
 
== Химнографија ==
=== Тропар ===
: глас четврти
: Од младоста целиот си се предал на Господа,
: престојувајќи во молитви, трудови и постење, оче богоносен;
: на своето стадо си му бил образец на добродетелта, заради тоа,
: Бог откако ја виде твојата добра волја, те постави пастир на својата Црква и добар архиереј,
: и по твоето преставување го зачува твоето свето тело негнилежно, светителу Василие;
: затоа, имајќи смелост, моли го Христа Бога да се спасат нашите души.
== Надворешни врски ==
3.103
уредувања