Отвори го главното мени

Православна-енциклопедија β

Промени

Есхатологија

Додадени 123 бајти, 21:40, 25 март 2008
с
нема опис на уредувањето
Во најопшта смисла '''есхатологијата''' е — учење за „последните нешта“, за конечните судбини на светот и човекот. Самиот терминот есхатологија потекнува од грчкиот збор „есхатос“, што значи „последен“, а исто така и „крај“, „крајна граница“.
Од една страна, есхатологијата кажува за тоа, дека светот како космос, како животно пространство на човекот, без оглед на неговата изопачена состојба, не е туѓ за христијаните. Христијаните не смеат да бегаат од светот, во кој дошол Божјиот Син за да го спаси. Токму во светот [[Православна Црква|Црквата]], која е Телото Христово, ја има својата мисија. Тоа е мисија за просветување и осветување на светот. „''Не молам, Ти да ги земеш од светот – говори Спасителот за Своите ученици во Првосвештеничката молитва, — туку да ги зачуваш од злото''” (Јн. 17. 15). Христијаните не смеат да потонуваат во апокалиптичките очекувања на скориот Крај на историјата, заборавајќи го својот долг и повик во историјата на овој свет. Но, од друга страна, есхатологијата кажува за тоа, дека судбината и повикот на човекот не се ограничува со престојот во овој свет, каде што, во крајна сметка, победува смртта. Зашто, смртта веќе е победена со Воскресението Христово. И таа победа ќе восторжествува по крајот на овој свет, кога Господ кој дошол во слава ќе Му го предаде Своето Царство на Бог и Отецот (1 Кор. 15. 24). И тогаш ќе се јават Новото небо и Новата земја — каде што живее правдата.
== Есхатологијата и Символот на верата ==
== Есхатологијата во Светото Писмо ==
Во [[Свето Писмо|Светото Писмо ]] се говори за „последни времиња“ (Ис. 2. 2; Дан. 8. 19) и за „последни денови“ (или „последниот ден“ — Јов 19. 25; Јн. 6. 39). Се говори и за тоа, дека ќе настапи големиот „Ден Господов“, кога Бог ќе го изврши Својот суд над светот, кој отстапил од Него. Оттука е првата смсла на есхатологијата: постоењето на овој свет во времето, светот кој од ништо е создаден од Бога како резултат на Нeговиот творечки акт, ќе има крај. Историјата на овој свет има не само почеток, туку и крај. И тој крај на историјата исто така ќе биде и завршување на Домостроителството на нашето спасение.
Ако се обрне поглед кон сведоштвата на првоврвниот апостол Петар, ќе се видат две, на прв поглед противречни, тврдења.
Од една страна, во своето Второ Послание тој говори за последни денови, имајќи го предвид денот на Судот, настапувањето на денот Господов — доаѓањето на денот Божји, во кој запаленото небо се урива и разгорените стихии се распаѓаат (2 Пет. 3. 10, 12). Овде апостолот говори за ветувањето на новото небо и новата земја, на кои владее правдата (2 Пет. 3. 13).
А од друга страна — што вели апостолот Петар во денот [[Педесетница]], т.е. десет денови по Вознесението на [[Пасха|Воскреснатиот ]] Господ? За да им ја истолкува на присутните смислата на она што се извршува пред нивните очи — Слегувањето на [[Светиот Дух]] на Христовите ученици, апостолот го наведува старозаветното есхатолошко пророштво. Тоа се зборови на пророкот Јоил за идното настапување на денот Господов, големиот и страшен, кога Бог ќе излие од Својот Дух на секоја плот (Јоил 2. 28; Дела. 2. 17). И во дадениот случај последни денови апостолот го именува времето на изливање на преизобилната благодат на Светиот Дух на почетната Црква на апостолите и учениците Христови.
Како да се помири оваа очигледна противоречност на апостолското сведоштво? Тоа се помирува тогаш, кога ние во едно видение ги обединуваме двете смисли на христијанската есхатологија — историската и онаа, што се открива во благодатното духовно искуство на Црквата.
[[Категорија:Богословие]]
[[Категорија:Догматика]]
3.103
уредувања