Отвори го главното мени

Православна-енциклопедија β

Вселенски собори

Преработка од 11:46, 21 мај 2009; направена од Acegakon (разговор | придонеси) (New page: Вселенските собори, (грч. οικουμενικος συνοδος, лат. Concilium) се собори на сите првоерарси на Православнат...)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)

Вселенските собори, (грч. οικουμενικος συνοδος, лат. Concilium) се собори на сите првоерарси на Православната Црква( Патријарси, Архиепископи, или Митрополити), од целиот свет на кој се разгледувале прашања поврзани со верата и поредокот во Црквата. Православната Црква голем дел од светото Предание црпи токму од Вселенски собори, кој после одржувањето оставале акти, односно донесувале канони , ги утврдувале догмите, а сето тоа било објавувано во зборници наречени номоканони. Црквата верува дека првоерарсите на вселенските Собори во своето одлучување биле раководени од Св. Дух, и затоа нивните одлуки се обврзувачки за сите помесни православни Цркви, во учењето за верата и управувањето и поредокот на Црквата. Вселенските собори се свикувале поради некој актуелен проблем или погрешно учење, а често и византиските императори учествувале во нивната работа. Се одржале се на се седум вселенски собори. Одлуките донесени на еден од Вселенските Собори можат да бидат догми (кои имаат доктринска содржина) и канони (кои имаат дисциплинска содржина). Многу светители кој Православната Црква ги празнува биле учесници на Вселенските Собори. Вселенските собори се базираат на принципот на соборност, и соборно одлучување кој е мошне важен за Православната црква, за разлика од римокатоличката кај која што папата е непогрешив критериум во донесувањето одлуки. Сепак и Православната и Католичката Црква ја признаваат важноста и одлуките на соборите одржани до 1054 година.

                 Листа на одржаните Вселенски Собори
       Прв вселенски собор, попознат како Никејски собор во Мала Азија (мај-јуни 325) 

• Втор вселенски собор, попознат како Цариградски собор (мај-јули 381) • Трет вселенски собор, познат како Ефески собор (јуни-јули 431) • Четврти вселенски собор, попознат како Халкидонски собор (8 октомври-1 ноември 451) • Петти вселенски собор, или Втор цариградски собор (мај-јуни 553) • Шести вселенски собор, или Трет цариградски собор (ноември 680-септември 681) • Седми вселенски собор, или Втор никејски собор (септември-октомври 787)