Отвори го главното мени

Православна-енциклопедија β

Промени

Воскресение

Додадени 90 бајти, 20:24, 19 април 2008
с
нема опис на уредувањето
[[Image:Pascha.jpg|right|frame|Воскресение Господово]]
'''Воскресението ''' во [[Православна Црква|Православната Црква ]] се асоцира со Воскресението на Спасителот и Господ Исус Христос, или пак со Воскресението на мртвите при Страшниот Суд. Воскресението е посведочено во никејскиот [[Символ на верата]].
== Воскресение на Господ Исус Христос ==
Од Евангелието [[Свето Евангелие|Евангелие]]то е очигледно дека је страдањето на Богочовекот е неопходно за спасението на човековиот род. Зашто, Богочовекот изјавува дека целта на неговото страдање е – спасението на светот: "За тоа дојдов во овој час". Целиот живот на Спасителот на земјата претставува едан постојан подвиг на страдање за спасението на светот. Не можел да не страда постјано Богочовекот кој секој миг пред своите севидни очи ги имал сите гревови, пороци и злосторства на сите свои современици, како и на сите луѓе од сите времиња. „Често се случувало - вели [[свети Јован Златоуст]] за Спасителот - да Го видат како плаче, но никој никогаш не го видел да се смее или барем насмевнува. Затоа никој од евангелистите тоа и не го спомнува.”
Христос им напомена, уште додека беше со нив, на своите ученици дека ќе биде распнат на Крст, ќе умре и дека на третиот ден ќе воскресне, односно дека победувајќи ја со смрт смртта, ќе се врати во живот. Но тие не обрнаа внимание на вистинското значење на Неговите зборови, и не ги разбираа потполно. Откако беше распнат и положен во гроб од страна на [[Јосиф од Ариматеја]]. Но на третиот ден од Неговата смрт, Тој навистина воскресна.
Христовото воскресение беше главна суштина во проповедите на Неговите ученици, а со самото тоа и во самата вера. Тоа ја потврдува верата, и е историски факт: апостолите Го гледаа и Го допираа Воскреснатиот.
* Хипотезата за крадењето на мртвото тело Христово се состои во тоа што Апостолите го украле христовото тело, а потоа објавиле дека тој воскреснал.
Со оваа хипотеза се прави обид да се објасни Христовото воскресение, но пред сè, постоела една неособорлива физичка пречка за Апостолите [[Апостоли]]те да го украдат Христовото тело. Тоа е силната стража на запечатениот и утврден Христов гроб. А, гробот го утврдиле и запечатиле најлутите Христови непријатели – еврејските првосвештеници и старешини со помош на римските стражари кои ги добиле од Пилат. А, тоа го постигнале на тој начин што пред Пилат употребиле лага, која по Христовото воскресение ја претвориле во објаснување за воскресението; евангелистот пишува: „''Утредента по петокот, се собраа првосвештениците и фарисеите кај Пилат и рекоа – Господару, се сетивме дека оној лажливец (Исус) уште за време на животот рече – По три дена ќе станам, па затоа, заповедај до третиот ден да се осигура гробот, за да не дојдат неговите ученици и да го украдат и да му кажат на народот – Стана од мртвите - и последната лага да биде полоша од првата. И им рече Пилат – еве ви стража, одете и осигурајте го гробот со запечатен камен и стража''”
* Хипотезата за клиничката смрт и летаргичниот сон се состои во тоа – дека Исус Христос на крстот не умрел, туку дека паднал во летаргичен сон и бил речиси мртов. Таков бил и закопан. Во гробот се освестил и излегол од него и со текот на времето заздравувал од раните и изнемоштеноста. Изнемоштен, понекогаш им се јавувал на своите ученици.
3.103
уредувања