Отвори го главното мени

Православна-енциклопедија β

Промени

Бог Свет Дух

Додаден 1 бајт, 11:28, 20 март 2009
Светиот Дух во Света Троица
Светотроичното толкување на сите Божји дела го подразбира учеството на Светиот Дух во чинот на создавање: „Духот Божји лебдеше над водата“ (Битие, 1,2). Делувањето на Светиот Дух треба да се гледа како дел од творечката Божја активност. [[Свето Предание|Светото Предание]] Го објаснува Светиот Дух како ипостас која се’ одржува, а посебно човекот, кому Бог „му дувна во лицето дух животен; и човекот стана жива душа.“ (Битие 2,7). Токму Овој „дух животен“, кој е поистоветен со Светиот Дух е она што го прави човекот да биде икона Божја. Ова дејство на Светиот Дух го наговестил и ветил на своите ученици и самиот Господ Исус Христос. Тој всушност објавува дека не само што Светиот Дух Го сведочи и прославува (Јован 15,26), туку дека и Светиот Дух, на Светата [[Педесетница]] во [[апостоли]]те ќе ја актуелизира реалноста на спасоносниот подвиг и неговите дела (Јован 14,26).
[[Господ Исус Христос]] пред Своето [[Свето Вознесение|Вознесение]] нагласил пред своите апостоли дека нема спасение додека не се исполнат со силата на Светиот Дух (Лука 24,29). Светиот Дух е Дух на мудрост и на откровение (Ефесјани 1,17), Кој го исполнува човекот со божествена мудрост и му ја открива тајната на Богочовекот Христос; преку силата на Светиот Дух литургиски, евхаристиски и теофаниски се јавува тајната на спасението во Царството Божјо уште во времето и просторот на овој век и свет. Во тој контекст, односот помеѓу Христос и Светиот Дух е неразделив (што имплицира и неразделивост помеѓу Христологијата и Пневматологијата); сепак, невозможно е да се види Светиот Дух (Јован 14,17), што претставува суштинска разлика помеѓу делувањето на Исус Христос и Светиот Дух. Но, преку Светиот Дух се гледа Синот, Кој е икона на Отецот. Преку Светиот Дух, Кој непрестајно обитува во Црквата, се остварува есхатолошката природа на Црквата како Тело Христово. „Каде е Црквата, таму е и Светиот Дух“ ([[Свети Иринеј Лионски]]), Кој „ја изградува Црквата Божја“ ([[Свети Василиј Велики]]). Со други зборови, сиот живот на Црквата, секое црковно дејание, служба, тајна или дело бива само преку призивањето на силата и благодатта на Светиот Дух, односно „Благодатта, давана од Света Троица, се дава од Отецот преку Синот во Светиот Дух.“ ([[Свети Атанасиј Велики]]).
==Светиот Дух во библистиката==
3.103
уредувања