== Апостол Јаков во Новиот Завет ==
Заедниот со неговиот татко и брат се занимавал со риболов на Генисаретското Езеро. Бивајќи повикан од Христос, ги оставил мрежите и пошол по Него. Заедно со Петар и Јован бил сведок на неколку позначајни новозаветни настани: Преображението на гората Тавор (Мт. 17,1-9; Мк. 9,1-9; Лк. 9,28-36); во Гетсиманската градина за време на Христовите претсмртни страданија (Мт. 26,36-46), како и за време на воскресението на Јаировата ќерка (Мк. 5,37) и исцелувањето на мајката на жената на св. ап. Петар (Мк. 1,29-31). Заедно со неговиот брат Јован биле наречени Воангерес од страна на Самиот Христос, т.е. синови на громот - „υιός βροντής“ (Мк. 3,17).
== Остаток на животот ==
== Видете исто така ==