[[Слика:Sv.Gavril_Lesnovski.jpg|right]]
'''Преподобен Гаврил Лесновски''' e македонски подвижник чиј спомен се празнува на 28 (14 ст. ст.) јануари. Се подвизувал во 10 век на Лесновската Гора кај Кратово, каде што изградил црква во чест на Св. Архангел Михаил. Бил чудотворец за време на животот и по упокојувањето.