Отвори го главното мени

Православна-енциклопедија β

Промени

Свети великомаченик Георгиј Победоносец

Додадени 4.623 бајти, 13:52, 25 април 2009
нема опис на уредувањето
[[image:George.jpg|right|thumb|Свети Георгиј Победоносец, руска икона на прободување на ламјата ]]
'''Свети Великомаченик Георгиј Победоносец''' живеел и пострадал за време на безбожниот римски цар и идолопоклоник Диоклецијан (284 - 305 година). Неговите родители биле богати, доброчесни и побожни. Неговиот татко маченички пострадал за верата што и придонело малиот Георгиј така силно да го засака Христа и сецело да Му се предаде, да Му служи и со својот живот маченички да ја потврдии исповеди својата вера и љубов кон Христа Господа. Неговата мајка била родена во Палестина која, исто така, уште од неговото детство успеала да го воспита и насочи својот син во вистинската вера и наука. Свети Георгиј се смета за покровител на Москва, Грузија, Англија, а исто така е доста почитуван во Палестина и на Балканот.
== Житие Долго житие ==
Неговите родители биле богати, доброчесни и побожни. Неговиот татко маченички пострадал за верата што и придонело малиот Георгиј така силно да го засака Христа и сецело да Му се предаде, да Му служи и со својот живот маченички да ја потврдии исповеди својата вера и љубов кон Христа Господа. Неговата мајка била родена во Палестина која, исто така, уште од неговото детство успеала да го воспита и насочи својот син во вистинската спасоносна вера и наука. По смртта на својот сопруг, таа се вратила во своето родно место во Палестина, каде поседувала огромен имот. Таму малиот Георгиј ги посетувал светите места кај што се движел и поучувал Господ Исус Христос. Со прекрасен став и убавина, висок и храбар, младиот Георгиј бил регрутиран во елитната војска на царот. И уште на неговата 20 годишна возраст, тој постанува трибун во војската, чин кој соодвествува на денешен полковник,(машала) а тоа било високо место за неговата возраст. Набргу потоа, тој успеал да ги освои симпатиите кај царот кој го поставил на уште повисоко место, член во Советот на државата. Тоа било така се додека царот имал толерантен однос кон христијаните, но кога побарал од војската секој да принесе жртва пред мртвите идоли и кога сурово отпочнало прогонувањето на невините христијани од незнабошците, Георгиј прв се спротивставил на таквата наредба.
Кога царот Диоклецијан издал наредби за прогонување на христијаните, ги повикал управниците на источните провинции во империјата и им дал посебни упатства како да постапуваат со христијаните. Откако го презрел човечкиот страв, храбриот воин Георгиј смело изјавил пред Советот: - До кога ти, цару, и вие кнезови и советници, ќе го распалувате својот гнев против христијаните? До кога ќе ги прогонувате и измачувате невините и добродетелни луѓе, кои никого и со ништо не повредиле, а за сите служат како пример на благочестив живот? Вие сте, господа, во заблуда, зашто вашите идоли не се богови. Исус Христос е вистинскиот Бог. Или познајте ја Вистината и научете се на благочестие, или пак престанете со своите прогони и безумие кон тие што ја познале Вистината.
Царот наредил веднаш да ги казнат со смрт. И многумина други поверувале, но не смееле јавно да ја исповедаат верата. Во тоа време и сопругата на царот, Александра, се наоѓала во храмот. Кога го видела маченикот исцелен и кога слушнала за јавувањата на ангелот таа ја познавала Вистината и сакала, пред сите, јавно да ја исповеди верата во Христа. Дворјаните, пак, кои ја опкружувале, не и дозволиле, туку пред да дознае царот ја отпратиле до нијзиниот дом. И овој пат, тиранинот, Диоклецијан не се вразумил од пројавите на Божјата сила, туку заповедал нови мачења.
[[Image:George Symvoulas.jpg|thumb|left|Кипарска икона на св. Георгиј]]
Она што најмногу го измачувало самиот цар, била блажената и светла состојба на Геогиевото лице, секогаш спокојно и весело. Вџашен од таквата состојба царот го запрашал:
- Кажи ни, до кога ке нѐ збунуваш со твоите дела и кое е учењето на твојот Христос, а ние спокојно ке те ислушаме.
Својата глава ја преклонил под мечот и бил посечен на 23 април 303 година. Верниот слуга на Св. Георгиј ја извршил неговата последна желба. За време на цар Константин Велики светите и чудотворни мошти на Св. Георгиј биле пренесени во Лида и погребани во храмот посветен на неговото име, кој го изградиле побожните христијани. Чесните мошти ги пренеле на денот на осветувањето на храмот. Значи, на трети ноември, или на 16 ноември - по нов календар, се прославува пренесувањето на моштите на славниот Свети Великомаченик Георгиј Победоносец од Никомидија (Мала Азија), во градот Лида во Палестина. Светите мошти и денес таму почиваат.
 
== Георгиј и ламјата ==
[[Image:Georgedemetrius.jpg|right|thumb|Свети Георгиј и Димитриј]]
Свети Георгиј многу често во црковната иконографија се слика како победува или убива змеј, или некое друго змијолико суштество. Зависно, од локалното предание, деталите на оваа легенда се менуваат. Најчесто се работи за змеј кој го заробува локалниот извор на вода, и бара да му се принесува човечка жртва доколку луѓето сакаат да добијат вода; кулминацијата на ова робување на змејот се доживува кога преку жреб за жртва е избрана локалната принцеза, која е спасена во краен момент од самиот свети Георгиј, кој повикувајќи Го името на Света Троица го поразува змејот. Локалното население тогаш се откажува од паганизмот, и го прифаќа Христијанството.
 
Оваа приказна може, но не треба да биде сфатена буквално. Најчесто, борбата е прикажана во светлото на борбата меѓу Христијанството и Сатаната, односно борбата меѓу св. Архангел Михаил и Луцифер. Сепак, треба да се нагласи пред сѐ охристовениот карактер на фолклорот на индо-европските божества и верувања во овој мотив.
 
== Ѓурѓовден==
 
Во Македонија, празникот на Св. Георгиј се смета и за празник на Ромите. Тие го нарекуваат Ерделез и го слават четири дена. За време на овие четири дена се оди на гости и во весела атмосфера се слави празникот. Главната прослава е в четврток кога сите Роми со музика и песна го означуваат крајот на Ѓурѓовден. Потеклото на ова празнување е дискутабилно; самото празнување изобилува со пагански елементи како кај Ромите кои традиционално се муслимани, така и кај православниот народ.
 
== Иконографија ==
 
Во раните икони, мозаици и фрески свети Георгиј е претставен како носи штит на римски војник. По падот на Византија и неговото поврзување со крстоносците, најчесто се претставува како коњаник на бел коњ. Истовремено, св. Георгиј е поврзан со [[Свети великомаченик Димитриј]], уште еден маченик кој бил римски војник. И двата светители често се претставени како јаваат на коњи, на тој начин асоцирајќи ги со светите архангели Михаил и Гавриил (изедначувањето на Георгиј со Михаил е разбирливо, имајќи ги в предвид иконите каде тој ја бопедува лајмата). При овој начин на претставување, св. Георгиј секогаш јава на бел, а св. Димитриј на црвен коњ.
 
== Химнографија ==
: великомаченику Георгие, моли Го Христа Бога
: да ги спаси нашите души.
 
== Надворешни врски ==
 
* [http://svetapetka.tripod.com/Svgeorgij.html Св. Петка, Тетово - Свети великомаченик Георгиј]
* [http://www.kralemarko.org.mk/default-mk.asp?ItemID=8BCD92B2C694C24887481F8D6700EEEE Крале Марко, Ѓурѓовден]
[[Категорија:Маченици]]
3.103
уредувања