Свети Климент Охридски

Од Православна-енциклопедија
Преработка од 14:54, 27 јануари 2010; направена од MusicFreak (разговор | придонеси) (Беседа за блудниот син)
Прејди на: содржини, барај
Свети Климент Охридски

Свети Климент Охридски е најдаровитиот ученик на рамноапостолните сесловенски браќа Кирил и Методиј. Живеел во втората половина на IX век и првата четвртина на X век. Со своите уши тој ги слушал нивните божествени евангелски зборови и со своите очи ги гледал нивните богоозарени ликови и евангелски дела.


Дела

Покрај црковните и педагошките дејности, особено учителско проветителски, Свети Климент развил и богата книжевна дејност. Автор е на многу поучни и похвални слова како похвалата на Кирил Филозоф, похвалата на пророкот Захариј и св. Јован Крстител, за свети Кирил и Методиј итн. Но, во неговото творештво преовладуваат поучителните слова кои се однесуваат на општохристијанските светители: Св.Ѓорѓи, Св.Тома, Св.Антониј, потоа слова посветени на Пресвета Богородица и слова посветени за настаните од животот на Господ Исус Христос.

Св. Климент бил и првиот епископ словенски со титула епископ велички.

  • Похвала на Кирил Филозоф
  • Похвала на словенските учители Кирил и Методиј
  • Од опширното житие на Кирил Филозоф
  • Од опширното житие на архиепископот моравски Методиј
  • Похвално слово на бестелесните Михаил и Гаврил
  • Похвално слово за четиридневниот Лазар
  • Беседа за блудниот син



Химнографија

Тропар

глас четврти
Со зборови си ги упатил народите во верата Божја;
со делата си се издигнал, преблажен,
кон божествен и блажен живот.
Со чудеса си ги просветил оние
што пристапуваат верно кон тебе,
со знаменија си ја осветлил темнината.
Поради тоа го славиме твојот божествен спомен, Клименте.


Кондак

глас трети
Твојот храм, свети, како преславен духовен лек се покажа
на оние кои со вера пристапуваат, зашто мнозина од различни болести избави
и секакви душевни страсти смири.
Поради тоа, себлажени, топло те нарекуваме застапник.

Видете исто така

Надворешни врски