Ипостас

Од Православна-енциклопедија
Преработка од 11:42, 30 мај 2009; направена од Iacovibus (разговор | придонеси)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на: содржини, барај

Ипостас (грч: ύπόστασις - лице), е израз со кој во Православната Црква се определува особеноста на секое од Лицата во Пресвета Троица - Отецот, Синот и Светиот Дух. Во грчката философија, овој израз бил секогаш нераскинливо поврзан со изразот суштина (ουσία), што било причина за сите полемики и догматски разотидувања околу Света Троица сѐ до 4 век, кога свети Атанасиј Велики и Кападокиските Отци конечно го формулираат терминот испостас. На Соборот во Александрија во 362 година, на барање на свети Атанасиј Велики, дадена е следната дефиниција: Изразот ουσία (суштина) го означува она што е заедничко за сите три лица на Света Троица, а изразот ύπόστασις (лице), го означува она што е троично во суштината.

Држејќи се до оваа терминологија, отците на Вториот вселенски собор (Цариград, 381), во посланието до Римската Црква, ја искажуват својата вера во Света Троица: Црквата верува во единиот Бог (во една суштина), која е во три совршени ипостаси. Овие три ипостаси - Отец, Син и Свет Дух, во Света Троица имаат една и иста суштина, и од тука Православната теологија ги поставува единството и троичноста Божја на исто ниво. Разликата меѓу божествените ипостаси (лица) се заснова само на разликата на нивните лични својства, кои треба да се гледаат во перихореза на својствата.

Триипостасен Бог

Уште во раната христијанска Црква била вкоренета верата во Божјата троичност, која на апостолите им ја предал Господ Исус Христос, како заповед да одат и да ги подучуваат сите народи, крштевајќи ги „во името на Отецот и Синот и Светиот Дух“ (Мт 28,19). Значи, не станува збор за три бога, туку за три божествени Лица, кои единосуштно и неразделиво ја чинат Света Троица. Лицата, (од IV век, преку Кападокиската богословска школа се нарекуваат ипостаси) помеѓу Себе се разликуваат само по личните својства: Бог-Отецот ниту се раѓа, ниту исходи од некого, туку Тој раѓа; Бог-Синот предвечно се раѓа од Отецот, а Светиот Дух предвечно исходи од Отецот. Голема улога во прецизирањето на догмите за Света Троица имаат светите оци, философи на Православната Црква св. Атанасиј Велики, Кирил Александриски, Григориј Богослов, Василиј Богослов, Максим Исповедник, Јован Дамаскин, Григориј Палама, Симеон Нов Богослов и др.

Видете исто така