Велики Петок

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Велики Петок (грч: Μεγάλη Παρασκευή) е посветен на спомнувањето на осудувањето на смрт, Крстните страдања и смртта на Спасителот.

Страданијата

Најпрво, Христос беше одведен пред првосвештеникот Кајафа, кој кратко Го испрашуваше и Го затвори. Утредента, Тој бива испрашуван пред Синедрионот, највисокиот еврејски совет за верски прашања составен од 70 највидни членови, фарисеи, книжевници, садукеи и страрешини. Таму бива распрашуван, и осуден за хула, за што канзата била смрт. Сепак, во тоа време само римскиот управител имал право да изрече смртна казна, при што тие Го упатуваат кај Понтиј Пилат. Пред него Христос беше осуден дека велел дека Е цар јудејски; Пилат, гледајќи дека Христос Е предаден од зависти и злоба, се обидуваше да Го спаси, и бидејќи од Галилеја, решава да Го испрати кај Ирод, кој управуваше со таа покраина. Ирод Го исмејуваше Исуса и Го врати пак кај Пилата, кој попушта пред разбеснетата и поткупена маса и Го предава на грубите војници, кои Го исмејуваат, понижуваат со удари, бичуваат и Го облекуваат во црвена наметка ставајќи Му на главата круна од трње, а во рацете, место жезол - трска.

Но според обичајот, бидејќи Пасха, еден осуденик можеше да биде ослободен по волја на народот. И повторно, поткупената маса го избира злосторникот Варнава, наместо Синот Човечки. И додека Христос сведочи за Себе пред судот, светиот апостол Петар три пати се одрекнува од Него, а Јуда се обеси.

Исуса Го одведоа од затворот и од судот за да Го погубат. Пресудата беше извршена на губилиштето близу градот, на мала височинка наречена Голгота (череп). Евангелијата нагласуваат дека тука се исполнија уште два страшни псалми - псалмот 21 („Боже мој, Боже мој, зошто ме остави?“) и псалмот 68 („Спаси ме, Боже, зашто водите стигнаа до душата моја.“). Тука се исолнуваат и најситни детали - војниците фрлаат ждрепка за Неговите алишта, Му нудат оцет и жолчка, присутните презриво нишаат со главите свои. Покрај првите збориви на 21 псалм, евангелистите забележуваат уште неколку други нешта кои Христос ги изговорил умирајќи на Крстот:

  • Се моли за Своите мачители: Оче, прости им, зашто не знаат што прават.
  • Му ветува на разбојникот распнат со Него: Навистина ти велам дека денес ќе бидеш со Мене во рајот.
  • Погледна кон Јована и ѝ рече на Својата мајка: „Жено, еве ти син,“ а потоа му рече на Јована: „Еве ти мајка“!
  • Небото ги покажуваше знаците на последните времиња: темнина на пладне. Исус гласно извика: „Жеден сум.
  • Околу три часа по раснувањето, односно 3 часот по пладне, нашиот Господ умре на крстот. Повика на висок глас: „Оче, во Твоите раце го предавам својот дух.“ (Лука 23,46 спореди Псалм 30,5). Свети Јован Богослов, пак, го споменува наклонувањето на главата, и Неговите последни зборови: „Свршено е.“

Богослужби

Богослужбите на Велики Петок почнуваат од вечерта на Велики Четврток, кога се исполнуваат светите и спасителни Страданија на Господ Исус Христос. На средината на храмот, пред постаеното Распетие приоѓаат свештенослужителите и ги читаат деловите на Страдалните Евангелија, дванаесет по број. Првото, и најголемото е Јовановото, во кое Господ ни се открива како пат, вистина и животл и како драгоцен дар на Божјата љубов Кој ги соединува луѓето со Него, и еден со друг, меѓусебно. Ова евангелски читање завршува со Првосвештеничката молитва.

Читањето за Господовите страданија завршува со приказот на запечатувањето на гробот и поставувањето стража, според Евангелието по Матеј.

На Велики Петок, кога Спасителот беше распнат на Крстот, не се извршува божествена Литургија, а на часовите повторно се читаат евангелијата на Неговите страдања. Вечерната (изнесувањето на плаштеницата) е посветено на погребувањето на Спасителот и обично се извршува во средината на денот. Оваа служба, по својата смисла како повеќе да припаѓа на Велика Сабота. Пред почетокот, на средината на храмот се поставува гроб со цвеќам а ба орестолот се поставува плаштеницата на која е насликан Спасителот положен в гроб.

Прокимените и алилуите се позајмени од пророчките псалми. По додатните песнопеења за Христовата смрт, додека се чита молитвата на св. Симеон Богопримец, свештеникот се облекува во полно одејание и ја каде плаштеницата на престолот. Потоа, на Оче наш, кога се пее тропарот, тој ја подика плаштеницата над глава, го обиколува престолот, излегува на средината на храмот, и ја поставува плаштаницата во гробот. Во некои цркви, на вечерната се пее повечерие, или таканаречено Оплакување на Пресвета Богородица.

Дванаесетте Евангелија за Свети Страданија Христови

  1. Јован 13,31-18,1
  2. Јован 18,1-28
  3. Матеј 26,57-75
  4. Јован 18,28-19,16
  5. Матеј 27,3-32
  6. Марко 15,16-32
  7. Матеј 27,33-54
  8. Лука 24,32-49
  9. Јован 19,25-37
  10. Марко 15,43-47
  11. Јован 19,38-42
  12. Матеј 27,62-66

На часовите

  • Час Први: Захарија 11,10-13; Гал. 16,14-18; Матеј 27,1-56.
  • Час Трети: Исаија 50,4-11; Рим. 5,6-10; Марко 15,16-41.
  • Час Шести: Исаија 52,13-53,12; Евр. 10,19-31; Јован 19,23-37.
  • Час Деветти: Јеремија 11,18-23; 12,1-5,9-11,14-15; Евр. 10,19-31; Јован 19,23-37.

На Вечерна

  • Исход 33,11-23; Јов 42,12-16; Исаија 52,13-53,12.
  • 1Кор. 1,18-2,2; Матеј 27,1-38; Лука 23,39-43; Матеј 27,39-54; Јован 19,31-37; Матеј 27,55-61.

Химнографија

Тропар

Денес виси на дрво, Оној што на води земјата ја обесил
со трнов венец се овенчува Оној што Цар на Ангелите е
во лажен пурпур се облекува, Оној што небото со облаци го облекува
удари прима, Оној што во Јордан го ослободи Адам
со клинци се прикова Младоженецот на Црквата
со копје е прободен Синот на Дева.
Се поклонуваме на Твоите страдања, Христе
се поклонуваме на Твоите страдања, Христе
се поклонуваме на Твоите страдања, Христе,
покажи ни го и славното Твое Воскресение.

Видете исто така