Шаблон:Featured

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Митрополит Јован Пергамски

Јован Зизиулас (р. 1931 год.) е современ богослов и титуларен Митрополит Пергамски на Вселенската Патријаршија на Константинопол.

Митрополитот Јован е роден на 10 јануари 1931 година. Своите студии ги започнал на Солунскиот Универзитет, додека богословското образование го стекнал на Атинскиот Универзитет во 1955 година. Неговите патролошки студии продолжиле под менторство на отец Георгиј Флоровски во Харвард, дека што и магистрирал, за подоцна да го стекне докторатот во Атина, во 1965 година. Цели 14 години бил богословски професор на Универзитетите во Глазгов и Единбург, а независен професор бил на универзитетите во Женева, Григоријанскиот универзитет и Кралскиот Колеџ во Лондон. Во Епископски чин е хиротонисан на 22 јуни 1986 година.

Влијанието на богословската мисла на Митрополитот Јован ги одбележа последните децении на 20 век. Неговата компилација на богословски студии „Битието како заедничарење“ издадена во 1985 година според многумина е книгата која го одбележала доцниот 20 век.

Главните теми во делата на Јован Пергамски се слободата и личноста, како човечка, така и божја. Засновајќи ја својата мисла на Кападокиските Отци и богословието на Максим Исповедник, ја дефинира својата личносна и односна онтологија во која ниту унитарноста, ниту плуарлноста немаат приоритет. Во неговата „Битието како заедничарење“ се осврнува на важноста на заедничарењето за личноста, додека во „Заедничарење и различност“ нуди комплементарна анализа на значењето на различноста во заедничарењето. повеќе