Разлика помеѓу преработките на „Шаблон:Featured“

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
с
Ред 1: Ред 1:
[[Image:Pascha.jpg|right|frame|Воскресение Христово]]
+
[[Слика:Jesus_in_Golgotha_by_Theophanes_the_Cretan.jpg|thumb|right|Христос на Голгота, Светогорска икона на Теофан Критски ]]
'''Велигденски пост''', односно Великиот пост е периодот од четириесет подготвителни денови за [[Страстна седмица]] и [[Пасха]]. Во Посниот Триод се сместени светите богослужби за време на Великиот пост, како и подготвителните недели кои му претстојат. Светата Четириесетница е востановена во чест и спомен на Страдањата и Воскресението на [[Господ Исус Христос]].
 
  
Првичната цел на предвелигденскиот пост била насочена кон огласените, кои се припремале да бидат крстени токму на Пасха; оваа првична цел и значење била проширена уште во првите векови, со што и христијаните земале учество во овој пост, со цел да се подготват за Христовото Воскресение. Овој пост е символ на човечковиот живот, кој својата полнота ја доживува во воскресението од мртвите преку Христа и во Христа. Во овој пост Црквата ги повикува своите чеда на засилено покајание и молитва, очистување на умот, срцата, душите и телата и творење на добри дела во подвигот на љубовта, Христа ради.
+
Во Православната Црква последната недела од Христовиот живот се нарекува '''Страстна седмица'''. За секој нејзин ден во богослужбените книги се зборува како за голем (велик) и свет, и во секој од нив, во сите цркви се извршуваат посебни богослужби.
  
За време на Великиот пост, верните го ограничуваат внесувањето на храна, ја засилуваат домашната и заедничка молитва, се трудат да се каат и да прават добри дела. Внесувањето на храна е ограничено на растенија кои се приготвуваат без употреба на масло. Месото и млечните прозиводи, виното и маслото не се користат во исхраната. Бидејќи строгиот пост е строго канонски забранет во сабота и недела, масло и вино се употребуваат во тие два дена (освен на [[Велика Сабота]]). Риба се употребува само на Благовештение и Цветници.
+
* Во [[Велики Понеделник|Страстниот Понеделник]] Црквата ни ја дава за размислување темата за бесплодната смоква, осудена од Христа.
 +
* [[Велики Вторник|Вторник]] е посветен на темата за мудрите девојки, кои за разлика од своите неразумни сестри, биле спремни за Господовото доаѓање.
 +
* Во [[Велика Среда|Среда]] вниманието е свртено кон покаената блудница. Службата ја нагласува разликата помеѓу спасената грешна жена и погинатиот Јуда, избран како апостол: првата го дава своето богатство за Христа и ги бакнува Неговите нозе, а другот, пак, за пари Го продава со целив.
 +
* [[Велики Четврток]] е означен како ден на востановување на новозаветната пасхална жртва
 +
* На [[Велики Петок]] Господ Исус Христос е осуден, распнат и погребен.
 +
* Слегувањето во адот е на [[Велика Сабота]]
 +
* '''Христовото Светло [[Воскресение]] се случува на [[Велигден|Велигденската Недела]]'''.
  
Секоја недела од Великиот пост е посветена на празнување на некоја личност или настан.  
+
Црквата пропишува во првите три дена на Страстната седмица на часовите да се читаат сите четири Еванеглија, до местото каде што започнуваат Христовите страданија. А Старозаветните читања се земаат од Втората книга Мојсеева, од Јов и од пророците. Може да се каже дека како општа тема на првите три дена од Страстната седмица се јавуваат крајот на светот и Христовиот Суд.  
  
# [[Недела на Православието]]
+
Утрените обично се служат доцна навечер, и на нив се пее посебен тропар:
# [[Недела на Свети Григориј Палама]]
 
# Недела на Чесниот Крст ([[Крстопоклона недела]])
 
# [[Недела на Свети Јован Лествичник]]
 
# [[Недела на Света Марија Египетска]]
 
  
[[Велигденски пост|повеќе]]
+
''„ Ете, Младоженецот доаѓа на полноќ и блажен е слугата што ќе го најде буден, а недостоен е оној што ќе биде најден немарен. Внимавај, затоа, душо моја, да не те совлада сонот, да не бидеш предадена на смртта, и да не бидеш исклучена од Царството. Туку, освести се и повикај: "Свет, свет, свет Си Боже, поради молитвите на Богородица смилувај се на нас". “''
 +
 
 +
[[Страстна седмица|повеќе]]

Преработка од 18:57, 28 март 2010

Христос на Голгота, Светогорска икона на Теофан Критски

Во Православната Црква последната недела од Христовиот живот се нарекува Страстна седмица. За секој нејзин ден во богослужбените книги се зборува како за голем (велик) и свет, и во секој од нив, во сите цркви се извршуваат посебни богослужби.

  • Во Страстниот Понеделник Црквата ни ја дава за размислување темата за бесплодната смоква, осудена од Христа.
  • Вторник е посветен на темата за мудрите девојки, кои за разлика од своите неразумни сестри, биле спремни за Господовото доаѓање.
  • Во Среда вниманието е свртено кон покаената блудница. Службата ја нагласува разликата помеѓу спасената грешна жена и погинатиот Јуда, избран како апостол: првата го дава своето богатство за Христа и ги бакнува Неговите нозе, а другот, пак, за пари Го продава со целив.
  • Велики Четврток е означен како ден на востановување на новозаветната пасхална жртва
  • На Велики Петок Господ Исус Христос е осуден, распнат и погребен.
  • Слегувањето во адот е на Велика Сабота
  • Христовото Светло Воскресение се случува на Велигденската Недела.

Црквата пропишува во првите три дена на Страстната седмица на часовите да се читаат сите четири Еванеглија, до местото каде што започнуваат Христовите страданија. А Старозаветните читања се земаат од Втората книга Мојсеева, од Јов и од пророците. Може да се каже дека како општа тема на првите три дена од Страстната седмица се јавуваат крајот на светот и Христовиот Суд.

Утрените обично се служат доцна навечер, и на нив се пее посебен тропар:

„ Ете, Младоженецот доаѓа на полноќ и блажен е слугата што ќе го најде буден, а недостоен е оној што ќе биде најден немарен. Внимавај, затоа, душо моја, да не те совлада сонот, да не бидеш предадена на смртта, и да не бидеш исклучена од Царството. Туку, освести се и повикај: "Свет, свет, свет Си Боже, поради молитвите на Богородица смилувај се на нас". “

повеќе