Шаблон:Featured

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Свети Максим Исповедник
Преподобен Максим Исповедник е еден од врвните византиски теолози и свети философи на Црквата, творец на широкиот теолошки систем кој ја сумблимира христијанската мисла од Ориген до псевдо-Дионисиј Ареопагит, дефинирајќи ги границите на хеленското неоплатонистичко влијание, како она на Плотин и Прокло. Неговата исклучителна слава во црковната историја е изградена врз неизморната и енергична борба против монотелитската ерес. Црквата високо го почитува овој философ на Православието, и неговиот спомен се празнува на 3 февруари (21 јануари), а преносот на неговите свети мошти - на 26 август.

Преподобен Максим Исповедник се родил во Константинопол околу 580 година и израснал во благочестиво христијанско семејство. Во младоста добил широко образование: ја изучил философијата, граматиката, риториката, бил начитан од древните автори и совршено ја владеел богословската диалектика. Кога Преподобен Максим стапил на државна служба, знаењата и добросовестноста му овозможиле да стане прв секретар на императорот Ираклиј (611 - 641). Но, дворскиот живот го оптоварувал и тој се оддалечил во Хрисополската обител /манастир/ (на спротивниот брег на Босфор – сега Скутари), каде што примил монашки постриг. Со своето смиреномудрие тој набргу ја стекнал љубовта од браќата и бил избран за игумен на манастирот, но и во тој чин, според својата необична скромност, тој бил, според неговите зборови, „останувајќи прост монах”. Во 633 г. по барање на еден богослов – идниот светител, Ерусалимскиот Патријарх Софрониј, Преподобен Максим ја оставил обителта и заминал во Александрија.

повеќе