Шаблон:Featured

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Православието (грч: Ορθοδοξία) е животот во полнотата на вистината на Православната вера, оригинален и непроменет облик на Христијанство, вера која „еднаш е предадена на светите“ (Јуда 3,1), и која живее преку Светото Предание, непроменливо, а сепак динамично. Апостолската вера е основниот критериум на Православното учење, а историјата на Православието започнува со историјата на Христијанството, односно со настаните помеѓу Вознесението и Педесетницата, со која е означен и почетокот на Новозаветната Црква (грч. εκκλησία).

Пресвета Троица, Света Троица (грч. Αγία Τριάδα) е Единиот Бог во Три Лица. Православното учење за Света Троица не е само догматски канон или теолошка област за разгледување, туку и основното изрично учење за неискажливата и несфатлива љубов на Трите Ипостаси: Отец, Син и Свет Дух, Кои се творечка сепричина, извир, темел и центар на постоењето на сѐ што постои. Догмата за божеството на Троица е дефиниран на Вториот вселенски собор (Константинопол, 381 година) во првиот член (Отец), од вториот до осмиот член (Син) и во осмиот (Светиот Дух) член на Никео-Цариградскиот Символ на верата.

Христологијата (грч. Χριστόλόγια, од Χριστός - Помазаник; λόγος - наука) е област, односно една од поважните гранки на Православната теологија и догматика која се занимава со проучување на Втората Ипостас на Света Троица - Синот Божји, Христос Логосот; христологијата е сублимирано догматско учење за двете природи во едната Ипостас на Господ Исус Христос, кое е формулирање на Првиот (Никеа, 325), Четвртиот (Халкидон, 451) и Шестиот (цариград, 680) вселенски собор, преку синтеза на новозаветните податоци и патристичкото богословие. Во ранохристијанскиот период, борбата околу вистинското разбирање на Личноста на Исус Христос се одвивала помеѓу учењето на Црквата и различните еретички учења кои на разни начини се обидувале да навлезат во Црквата.

повеќе