Шаблон:Featured

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Гостопримство Авраамово

Пресвета Троица, Света Троица (грч. Αγία Τριάδα) е Единиот Бог во Три Лица. Православното учење за Света Троица не е само догматски канон или теолошка област за разгледување, туку и основното изрично учење за неискажливата и несфатлива љубов на Трите Ипостаси: Отец, Син и Свет Дух, Кои се творечка сепричина, извир, темел и центар на постоењето на сѐ што постои. Догмата за божеството на Троица е дефиниран на Вториот вселенски собор (Константинопол, 381 година) во првиот член (Отец), од вториот до осмиот член (Син) и во осмиот (Светиот Дух) член на Никео-Цариградскиот Символ на верата.

Во Стариот Завет Бог, покрај својата исклучиво монотеистичка појава и објава, Се откривал и како Троица, но не директно и очигледно, туку нејасно, повеќе како сенка и праслика, праобраз на троичноста која на човештвото му се открива со Воплотувањето на втората Ипостас на Пресвета Троица.

Уште во раната христијанска Црква била вкоренета верата во Божјата троичност, која на апостолите им ја предал Господ Исус Христос, како заповед да одат и да ги подучуваат сите народи, крштевајќи ги „во името на Отецот и Синот и Светиот Дух“ (Мт 28,19). Значи, не станува збор за три бога, туку за три божествени Лица, кои единосуштно и неразделиво ја чинат Света Троица. Лицата, (од IV век, преку Кападокиската богословска школа се нарекуваат ипостаси) помеѓу Себе се разликуваат само по личните својства: Бог-Отецот ниту се раѓа, ниту исходи од некого, туку Тој раѓа; Бог-Синот предвечно се раѓа од Отецот, а Светиот Дух предвечно исходи од Отецот. Голема улога во прецизирањето на догмите за Света Троица имаат светите оци, философи на Православната Црква св. Атанасиј Велики, Кирил Александриски, Григориј Богослов, Василиј Богослов, Максим Исповедник, Јован Дамаскин, Григориј Палама, Симеон Нов Богослов и др.

повеќе