Шаблон:Featured

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дискос и путир

Светата Евхаристија (грч: Θεία Ευχαριστία, Κοινωνία) во Православното Предание се вика Тајна на Тајните или Тајна на Црквата, кој која сѐ води, и од која сѐ произлегува. Таа е срце на црковниот живот, извор и цел на сите црковни учења и установи, и без не Христијанството е незамисливо. Светите Отци на раната Црква ја сметаат Евхаристијата за најважен и основен дел на Црковнотото собрание, затоа што таа дава значење и смисол на сите богослужби. Во потесен смисол, во Црквата ја означува благодарствената молитва пред осветувањето на лебот и виното во текот на Литургијата.

Зборот евхаристија значи благодарење. Општото значење на Евхаристијата како господова трпеза е благодарење на Бога во Христа и Светиот Дух, за сè што Тој направил во создавањето, спасението и прославување на светот.

Со воплотувањето на Бога Логосот, Христос е најочигледната единствена стварност и вечна радост. Преку слегувањето на Светиот Дух врз апостолите на денот на Педесетницата, Црквата е таа која станува Тело Христово. Токму во тој контекст, Исус Христос е совршената Евхаристија, затоа што во полнотата на благодарноста Се принесол Себе на Бога, еднаш за секогаш. Преку принесувањето на нашиот леб и вино пред Господа, верните остваруваат жива средба со Живиот и Воскреснат Христос.

Евхаристијата во Православната црква е сфатена како вистинско Тело и вистинска Крв Христова. Така, јадејќи го лебот и пиејќи го виното коишто се мистично осветени со Светиот Дух, имаме вистинско соединување со Бога преку Христа којшто самиот се нарекува Леб на животот (Јован 6.34,41).

повеќе