Шаблон:Featured

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Свети Јован Богослов, Апостол и Евагелист

Свети Јован Богослов, апостол и евангелист, девственик и ученикот кој Христос го љубеше, е заведеев син, и син на Саломија, ќерка св. Јосиф Целомудрен. Споменот на овој „син на молњата“ се слави на денот на неговото упокојување, 9 октомври (26 септември ст.ст.). Поради тоа што секоја година од гробот на свети апостол и евангелист Јован излегувал мек прав, кој верните го собирале, и од него се случиле голем број на излекувања, Црквата го слави и споменот на овие чуда на свети Јован Богослов на 21 мај (8 мај ст. ст.). Поради посведочениот огнен и жртвен идеал на Христијанската љубов, овој апостол е наречен „Апостол на љубовта“, а поради неискажаните височини на неговата богословска мисла доделен му е орелот како иконографски символ на неговата теологија во која се откриваат Божјите тајни. Воедно, тој е и првиот богослов на Православната Црква (еден од тројцата, при што другите двајца се свети Григориј Богослов и свети Симеон Нов Богослов).

Јован Богослов бил повикан, заедно со неговиот постар брат Јаков да биде апостол од самиот Христос, повик кој тие веднаш го прифатиле и пошле по него. По прифаќањето на овој повик. светиот апостол никогаш не се делел од својот Учител, и постанал еден од тројцата апостоли кои биле посебно блиски со него; тој бил присутен при воскреснувањето на јаировата ќерка, како и светото Преображение на планината Таор. На Тајната Вечера, Јован стоел веднаш до Христос, полагајќи ја својата глава на Неговите гради. Потоа, Го следел Учителот во Гетсеманската градина, од каде Христос бил одведен во дворот на првосвештениците, и од таму, на судот па на Голгота. Сето тоа време, свети Јован Богослов бил покрај својот Учител, жалејќи Го и полакувајќи Го со сето свое срце.

Покрај Крстот, тој стоел заедно со Богородица, слушајќи ги зборовите на Распнатиот Господ, упатени кон Богомајката: „Жено, еве ти син.“ И кон него: „Еве ти мајка“ (Јован 19,26-27). Од тој момент, светиот апостол, како сакан син, се грижел за Пресветата Богородица Марија, и нејзе и служел до нејзиното Успение.

повеќе