Шаблон:Featured

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Господ Исус Христос

Господ Исус Христос е Син Божји и Логос, втората личност на Света Троица. Кога дојде штом се исполни времето и „се воплоти од Светиот Дух и Марија Дева”, како Богочовек со Страдањата и Воскресението го спаси човечкиот род од гревот, пропадливоста и духовната смрт. Името „Исус” (грчки: Ιησούς, лат: Jesus) доаѓа од еврејското име Jeshua, скратен облик на Jehoshua. Ова име е составено од божественото име Yahweh (Јахве) во скратен облик „Yah- Yeho” и „shua”, односно: „Јахве е спасението.” Придавката „Христос” произлегува од „χρίω” = „помазува, облива” и е еквивалент на еврејскиот збор „Masiah”. Во Стариот Завет израилските цареви и првосвештеници се помазувани со осветено масло кога примале некоја служба, па затоа биле нарекувани " Господови помазаници" (Зах. 4,14). Во поширока смисла, Месија - Помазаник е Оној кому Бог Му ја доверил мисијата да го ослободи избраниот народ и Кго Евреите го очекували на крајот на вековиете. Името Исус Христос е првото исповедање на христијанската вера (Флп. 2,5-11), за во Исус од Назарет да се познае Месијата, Синот Божји, Господ и Спасител: "И секој јазик да исповеда дека Исус Христос е Господ за слава на Бог Отецот" (Флп. 2,11). Во своето исповедања кај Кесарија Филипова, Петар го познал Месијата - Христос во Јошуа - Исус од Назарет: „Ти си Христос, Синот на живиот Бог” (Мт. 16,16). Самиот Исус се поистоветува Себе со Господовиот Помазаник - Месијата, Кого Господовиот Дух го помазал да го проповеда спасението (Лк. 4,18; Дела 4,26-27). Синедрионот Го испраќа Исус кај Пилат со обвинение дека Себе се смета за Месијата. Исус бил и распнат како Месија; "Христос, цар Израилев" (Мк. 15,32).

повеќе