Шаблон:Featured

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Св. Николај Чудотворец

Свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски е славен Божји светител кој се слави низ сиот свет. Славен е од како од Православните, така и од другите христијани и иноверци: муслиманите од Турција исто така многу го почитуваат овој светител. Зел учество на Првиот вселенски собор во Никеја, каде од ревност го нападнал еретикот Ариј. Најстарото житие за него потекнува од 10 век.

Роден е во градот Патара, Ликија (на јужниот брег од Мала Азија), како единствено и измолено од Бога дете на верните, богати и угледни родители Теофан и Нина, кои решија да Му го посветат на Бога, принесувајќи Му така дар. Уште со самото негово раѓање, Светото Предание му припишува чуда. Неговата мајка, Нона, чудесно се излечила од болестите откако го родила. На денот на неговото Крштевање, без човечка помош стоел на своите нозе три часа, за што подостојно да ја прослави Пресветата Троица. Уште од најрана возраст, како бебе го почитувал и се придржувал на постот в среда и петок, така што не го прифаќал мајчиното млеко во тие денови додека неговите родители не завршиле со вечерните молитви. Како дете, со голем восхит пристапувал кон проучувањето на Светото Писмо; преку ден не го напуштал Храмот, а ноќе се молел и читал книги на тој начин станувајќи достојно место за пребивање на Светиот Дух. Знаењето за духовниот живот Св. Николај го стекнал преку својот чичко Николај, епископот Патарски, кој го назначил прво за чтец, а потоа и за свештеник. По смртта на родителите Николај им го раздал наследениот имот на сиромасите и ништо не задржал за себе. Додека бил свештеник во Патара тој многу се прочул со делата на својата милостиња, иако ги криел грижливо, за да го исполни зборот Господов: „Да не знае твојата лева рака што прави твојата десна рака“ (Матеј 6, 3).

повеќе