Шаблон:Featured

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Свети Јован Кронштатски

Свети праведен Јован Кронштатски е роден на 19 октомври 1829 година во Сур, Архангелска губернија, во богоугодно руско семејство од родители Илија и Теодора. Од 1855 година служел како свештеник во храмот на светиот апостол Андреј Првоповикан во Кронштат. Токму таму и започнал да ги врши делата на милосрдие по кои и многу се прославил. Бил прославен и почитуван уште во времето на неговото претставување пред Бога. Канонизиран е од Руската Задгранична Православна Црква во 1964 година, и во 1990 година од Руската Православна Црква. Вториот по големина манастир во Санкт Петерзбург е посветен на овој светител. Неговиот спомен се празнува на 20 декември, односно 2 јануари.

Повеќе од 300 години неговите предци биле свештеници во тој крај. Неговото семејство секогаш се грижело за духовната странана животот и важело како едно од најправославните христијански семејства во селото Сура. Свети Јован, како дете ништо не го влечело кон детските игри, па за време на празниците се шетал низ шумичката и со задоволство ги гледал растенијата и животните. Нему уште поблиску му биле Господ и Црквата, бидејќи од најрано детство родителите го воделе во храм на молитва. Сеќавајќи се на тоа време, подоцна пишува: „Сакав да се будам навечер за молитва... кога сите спиеја, кога е тишина. Најмногу и најчесто се молев на Бога да ми ја подари светлината на разумот за утеха на моите родители.“ Детството во родителскиот дом и годините на богословско учење ги поминал во голема сиромаштија. Светото Евангелие на Црковнословенски јазик го водело низ неговиот живот, посебно низ младоста и студиите, за што подоцна и самиот посведочи пред една игуманија. Оттука се запишал во местото Архангелск. Во 1851 година, свети Јован завршил богословија и како најдобар ученик бил испратен на Духовната академија. Во Петроград свети Јован бива ракоположен за свештеник и е испратен на служба да му помага на неговиот дедо во Кронштат.

Подоцна, ја презел службата како млад свештеник во таа област.

повеќе