Шаблон:Featured

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Св. Василиј Острошки

Свети Василиј Острошки, новојавен чудотворец и исцелител Острошки и Захумски, се родил во с. Мркоњиќ, Попово Поле во Хумската земја (денешна Херцеговина) на 28 декември 1610 година од благочестиви и верни родители, Петар и Анастасија. Уште како дете се одликувал со бистар ум, а со душата бил целосно насочен кон Бога. Доблестите и набожноста младиот Стојан (тоа му било световното име) ги научил дома, бидејќи во неговото семејство постојано се мислело на Бога и спасението на душата, многу повеќе отколку на материјалните и пропадливи нешта. И макар што неговото семејство било доста сиромашно, сѐ што имал бил учен да го сподели со другите, посебно кога како мало овчарче одел на пасење со другите деца. Уште како мал постел, се молел и редовно ги посетувал црковните богослужби.

За да го заштитат од непријателите кои ги имале, а и сакајќи да го описменат, неговите родители решиле да го испратат во најблискиот манастир, наречен Завала, посветен на Воведение на Пресвета Богородица, а во која игумен бил неговиот чичко Серафим. Таму благоразумниот Стојан се поучувал со мудроста на Светото Писмо и светите отци, во душата му се распламтила во љубовта кон Бога, за прв пат јавувајќи се кај него желбата за замонашување. Во манастирот во Завала преподобниот останал некое време, и потоа заминал во манастирот Успение на Пресвета Богородица во Тврдош. Живеејќи во овој манастир, Стојан уште повеќе го засакал монашкиот живот и ги зголемил своите подвизи, затоа што посакал токму таму да го прими светиот и ангелски монашки чин. Целото време го минувал во пост, молитва и бдение, и во телесен труд. На замонашувањето, го прима името Василиј. Ова име му служело како патоказ за идното подвижништво и епископство, да се угледа на големиот црковен ереј Василиј Велики.

повеќе