Шаблон:Featured

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Пресвета Богородица

Пресвета Богородица (грч. Θεοτόκος, Theotokos) е Богородица Секогашдева Богомајка Марија, мајка на Господ Исус Христос, Син Божји и Слово Божјо. Имолена од бездетни родители од Назарет, во неа се поврзале лозата кралска Давидова, по татко, и лозата свештеничка Аронова, по мајка. Затоа уште се вели и дека таа го родила Царот на царевите и Првосвештеникот, Господ и Бог наш Исус Христос.

Науката што ја проповеда Православната црква за личноста на пресвета дева Марија, се заснова на Светото Писмо, ја објасниле светите отци - тие столбови на православието, а ја одредиле и засекогаш ја утврдиле светите вселенски собори.

Науката на Православната црква за пресвета дева Марија се искажува во овие главни вистини: таа навистина е мајка на Господ Исус Христос и според тоа е Богородица; таа е секогашдева - до раѓањето, при раѓањето и по раѓањето, секогаш била и останала дева; таа е поголема од сите небесни сили и од сите светители, почесна е од херувимите и пославна од серафимите; таа е прва после Бога и пред Бога - наша застапничка и помошничка.

повеќе