Шаблон:Featured

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Преображение Господово

Празникот Преображение на Господ Исус Христос се слави секоја година на 19 август, односно 6 август. На овој ден се прославува преображението (metamorphosis) на Христос на Тавор, кога Господ Се појави во сета Негова слава пред апостолите Петар, Јаков и Јован.

Во три од четирите Евангелија се говори за овој настан: Матеј 17,1-9, Марко 9,2-8 и Лука 9,28-36. За да не ослабе верата на апостолите со Неговото страдање кое претстоело, и за Неговите ученици да не отпаднат од Него, Господ Исус Христос сакал да им покаже барем дел од Својата божествена слава. Преображение на Господ Исус Христос се нарекува настанот преку кој Тој, Премудроста, им посведочил за ова. Затоа ги зел со Себе Петар, Јаков и Јован и излегол со нив ноќе на гората Тавор и таму се преобразил пред нив. И заблескало лицето Негово како сонце, а облеката му побелела како снег, а покрај Него се појавиле старозаветните пророци Мојсеј и Илија.

На иконата на празникот Преображение, Христос е централен лик, појавувајќи се со доминантна поставеност во кружна мандорла. Се наоѓа јасно во визулениот и богословскиот центар на иконата. Десната рака Му е крената и со неа благословува, а во левата држи завиткан лист. Мандорлата, со сјајните нијанси на бела, златна и сина ја претставува божјата слава и светлина. Ореолот околу Христовата глава е испишан со зборовите O on, со значење „Оној Кој Е“.

повеќе