Разлика помеѓу преработките на „Шаблон:Featured“

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
с
Ред 1: Ред 1:
 
[[Image:Pascha.jpg|right|frame|Воскресение Христово]]
 
[[Image:Pascha.jpg|right|frame|Воскресение Христово]]
  
<h2>Христос Воскресна! Навистина Воскресна!</h2>
+
<h2>Христос Воскресна! <br />Навистина Воскресна!</h2>
  
'''Велигден''', односно '''Пасха''' (Πάσχα), е празник на  '''[[Воскресение]]то на [[Господ Исус Христос]]'''. ''Пасха'' како поим е транслитерација на грчки збор, кој од своја страна е транслитерација на хебрејскиот ''pesach'', со значење ''Премин''. Велигден е Пасха Господова и Ден на нашето спасение. Затоа Воскресението Христово е Празник над празниците, Торжество над торжествата и Слава на Бога Воскреснатиот. Велигден е центарот на Православната вера и празнување. За верните, периодот пред Велигден, е долго патување исполнето со покајание, прошка, измирување, [[молитва]], [[пост]] и учење. Со пристигнувањето на Велигден, се празнува победата на Животот над смртта преку извршување на неколку богослужби комбинирани во една.  
 
Преработка од 05:21, 5 април 2010

Воскресение Христово

Христос Воскресна!
Навистина Воскресна!

Велигден, односно Пасха (Πάσχα), е празник на Воскресението на Господ Исус Христос. Пасха како поим е транслитерација на грчки збор, кој од своја страна е транслитерација на хебрејскиот pesach, со значење Премин. Велигден е Пасха Господова и Ден на нашето спасение. Затоа Воскресението Христово е Празник над празниците, Торжество над торжествата и Слава на Бога Воскреснатиот. Велигден е центарот на Православната вера и празнување. За верните, периодот пред Велигден, е долго патување исполнето со покајание, прошка, измирување, молитва, пост и учење. Со пристигнувањето на Велигден, се празнува победата на Животот над смртта преку извршување на неколку богослужби комбинирани во една.

Без верување во Христовото воскресение не е можно да се верува во Христа како Спасител. Со еден збор: не е можно Христијанството; не е можно да се биде Христијанин. Затоа Апостолот Павле одлучно и јасно изјавува: „Ако Христос не воскресна, празна е нашата проповед, празна њ и вашата вера”. Сè е изгубено, сè е пропаднато, ако Христос не воскресна - вели св. Златоуст, објаснувајќи ги овие апостолски зборови.

Без Христовото воскресение - сè е привид: и Христос, и сите негови дела, и севкупното Негово учење. Затоа и самиот Спасител уште за врeме на своето живеење на земјата укажуваше на своето воскресение како на настан кој ќе ја објасни и неговата Личност и Неговото дело. Така по своето Преображение Спасителот на своите ученици им заповеда никому да не му кажуваат шта виделе додека Тој да стане од мртвите. Зашто, дури во светлината на Воскресението станува јасен и настанот на Преображението, и целиот живот на Богочовекот и севкупното Негово учење, затоа што дури со своето воскресение од мртвите Исус неспорно и сеубедливо посведочи дека Тој навистина е Бог и Син Божји. повеќе