Разлика помеѓу преработките на „Шаблон:Featured“

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
с
с
 
(Не се прикажани 5 меѓувремени преработки од истиот корисник)
Ред 1: Ред 1:
[[Image:Schmemann_and_Solzhenitsyn.jpg|left|thumb|250px|Матушка Јулијана, отец Александар и Александар Солженицин]]
+
'''Светлино тивка''' (цсл. „Све́те ти́хий“, ст.грч. „Φῶς Ἱλαρόν“, лат. „Lumen Hilare“) е едно од најраните христијански молитвословија од небиблиско потекло кое непрекинато се користи повеќе од 15 века на Вечерната богослужба.
'''Протопрезвитер Александар Шмеман''' (13 мај 1921 - 13 декември 1983) е истакнат православен свештеник, богослов, професор и писател на 20 век.
 
Отец Александар Шмеман е роден во Естонија, во семејство на руски имигранти. Неговото семејство се преселило во Франција, каде што се школувал. Се оженил со Јулијана Осоргун во 1943 година, пред да ги заврши богословските студии на Православниот богословски институт Св. Сергиј во Париз, и бил ракоположен за свештеник во 1946 година.
+
[[Молитва]]та „Светлино тивка“ за прв пат е забележана во Апостолските Установи кои датираат од доцниот трет и почетокот на четвртиот век по Христа. Сместена е во збирка на песнопенија за коишто авторот на Установите препорачува да се пеат наутро, навечер, пред јадење и при палењето на светилата. [[Свети Василиј Велики]] го спомнал ова молитвословие како дел од живото предание. Уште во негово време (средината и крајот на четвртиот век) оваа молитва се сметала за древна.
  
Од 1946 до 1951 година, о. Александар предавал Црковна историја на Св. Сергиј. Во 1951, бил поканет во богословијата Св. Владимир во Њујорк, каде што предавал од 1851 година, сѐ до крајот на животот. Од 1962 година бил и декан на богословијата. Исто така, бил и соработник - професор на Универзитетот Колумбија, Њујорк Универзитетот, Унијата на богословии и Генералната богословија во Њујорк. Неговиот главен фокус во Св. Владимир било литургиското богословие, кое посебно внимание придава на литургиското предание на Црквата како главен знак и израз на христијанската вера. Се здобил и со протопрезвитерски чин. Му биле доделени почесни докторати од Батлер Универзитетот, колеџот Лафајет, Ајона колеџот и Грчката православна богословија „Свет Крст“. Бил православен набљудувач на Вториот ватикански собор на Римо-католичката Црква од 1962 до 1965 година.  
+
Имено, според едно предание, на Гробот Христов во Ерусалим стоело постојано запалено кандило чија светлина ја символизирала живата Христова Светлина. Христијаните се собирале околу Гробот, а химната „Светлино тивка“ се пеела при изнесувањето на свеќа запалена од кандилото на гробот, чијшто пламен ја повикувал Црквата да Го слави Господа воскреснатиот. „Свете тихиј“ е првото целосно песнопение што може да се смета за такво во денешна смисла на зборот.
  
Во 1970 година зел активно учество во востановувањето на Православната Црква во Америка, која во тоа време целосно се издвои од Руската Православна Црква, иако нејзината автокефалија не била целосно признаена. Неговите беседи биле емитувани на руски јазик преку Радио Слобода преку 30 години. Се стекнал со широка публика во Советскиот Сојуз, вклучувајќи го [[Александар Солженицин]], кој после неговото емигрирање на Запад станал негов пријател.  
+
Се верува дека свети Атиноген, кој се слави на 16 јули според стариот календар, а кој пострадал за време на диоклецијановите прогонства, на патот кон неговото губилиште ја испеал оваа песна. Иконата на којашто е прикажан овој светител ја доловува сцената на еден постар Епископ кој пее додека чека да биде погубен; раката на мачителот, пак, стои парализирана додека свештеномаченикот ја произнесува оваа последна своја молитва.
[[Александар Шмеман|повеќе]]
+
 
 +
[[Светлино тивка|Повеќе]]

Последна преработка од 17:23, 4 февруари 2014

Светлино тивка (цсл. „Све́те ти́хий“, ст.грч. „Φῶς Ἱλαρόν“, лат. „Lumen Hilare“) е едно од најраните христијански молитвословија од небиблиско потекло кое непрекинато се користи повеќе од 15 века на Вечерната богослужба.

Молитвата „Светлино тивка“ за прв пат е забележана во Апостолските Установи кои датираат од доцниот трет и почетокот на четвртиот век по Христа. Сместена е во збирка на песнопенија за коишто авторот на Установите препорачува да се пеат наутро, навечер, пред јадење и при палењето на светилата. Свети Василиј Велики го спомнал ова молитвословие како дел од живото предание. Уште во негово време (средината и крајот на четвртиот век) оваа молитва се сметала за древна.

Повеќе