Разлика помеѓу преработките на „Шаблон:Featured“

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
с
 
(Не се прикажани 16 меѓувремени преработки од истиот корисник)
Ред 1: Ред 1:
[[Image:Nativity.jpg|right|frame|Рождество на Господ Исус Христос]]
+
'''Светлино тивка''' (цсл. „Све́те ти́хий“, ст.грч. „Φῶς Ἱλαρόν“, лат. „Lumen Hilare“) е едно од најраните христијански молитвословија од небиблиско потекло кое непрекинато се користи повеќе од 15 века на Вечерната богослужба.
'''Рождество на Господ Исус Христос''', или кратко - '''Рождество Христово''' е еден од најголемите Христови празници на Светата [[Православна Црква]], кое се слави на 25 декември (7 јануари). Во целовременоста на Своето постоење, нашиот [[Господ Исус Христос]] беше роден, воплотен од [[Светиот Дух]] и Пресвета и Вечнодева [[Пресвета Богородица|Богородица Марија]], откривајќи му се на човештвото. Според [[Свето Писмо|Светото Писмо]] и [[Свето Предание|Светото Предание]], Христос беше роден пештера во Витлеем, меѓу пастири. Во тоа време пристигнаа тројцата мудреци од Исток, водени со чудесна ѕвезда, со своите дарови: злато, ливан и измирна. Тие на Младенецот Му се поклонија како на Цар над царевите и Го даруваа со своите дарови (Матеј 2).
 
Христовото раѓање го викаме и Божик. Во утробата на Пресвета Богородица Марија, Синот Божји, Логосот, ја прими нашата човечка природа, стана тело. Оваа Божја посета и милост и љубов кон нас, луѓето, ја нарекуваме Овоплотување. На овој начин се исполнува пророштвото дека ''«И ете, девица ќе зачне во утробата своја и ќе роди Син, и ќе го наречат Емануил, што значи: со нас е Бог!»'' (Иса. 7,14).  
+
[[Молитва]]та „Светлино тивка“ за прв пат е забележана во Апостолските Установи кои датираат од доцниот трет и почетокот на четвртиот век по Христа. Сместена е во збирка на песнопенија за коишто авторот на Установите препорачува да се пеат наутро, навечер, пред јадење и при палењето на светилата. [[Свети Василиј Велики]] го спомнал ова молитвословие како дел од живото предание. Уште во негово време (средината и крајот на четвртиот век) оваа молитва се сметала за древна.
  
Божик е празнување на спасението на светот извршено преку Синот Божји, Којшто поради нас постана човек, и преку Кого ние самите можеме да постанеме синови на Бога Отецот, преку присуството на Светиот Дух во нас. Поради сето ова, Божик е празник на радоста и љубовта. Тој заради Својата неизмерна љубов и човекољубие дојде за да нѐ обогати и обожи; така и ние треба да се свртиме кон ближните и да ги обогатиме со својата љубов и добрина. Како што Христос, доброволно се осиромаши за нас, и ние треба да тргнеме по тој пат. Во тој дух на радост, љубов и сиромаштво, треба да се празнува овој навистина голем празник. Но исто така, Божик е и празник на мирот. Во нас треба да се всели Христовиот мир и да помогнеме да го шириме меѓу луѓето. Од овој настан во историјата на човештвото започнува новата, наша Христијанска ера и броењето на годините.  
+
Имено, според едно предание, на Гробот Христов во Ерусалим стоело постојано запалено кандило чија светлина ја символизирала живата Христова Светлина. Христијаните се собирале околу Гробот, а химната „Светлино тивка“ се пеела при изнесувањето на свеќа запалена од кандилото на гробот, чијшто пламен ја повикувал Црквата да Го слави Господа воскреснатиот. „Свете тихиј“ е првото целосно песнопение што може да се смета за такво во денешна смисла на зборот.
  
[[Рождество Христово|повеќе]]
+
Се верува дека свети Атиноген, кој се слави на 16 јули според стариот календар, а кој пострадал за време на диоклецијановите прогонства, на патот кон неговото губилиште ја испеал оваа песна. Иконата на којашто е прикажан овој светител ја доловува сцената на еден постар Епископ кој пее додека чека да биде погубен; раката на мачителот, пак, стои парализирана додека свештеномаченикот ја произнесува оваа последна своја молитва.
 +
 
 +
[[Светлино тивка|Повеќе]]

Последна преработка од 17:23, 4 февруари 2014

Светлино тивка (цсл. „Све́те ти́хий“, ст.грч. „Φῶς Ἱλαρόν“, лат. „Lumen Hilare“) е едно од најраните христијански молитвословија од небиблиско потекло кое непрекинато се користи повеќе од 15 века на Вечерната богослужба.

Молитвата „Светлино тивка“ за прв пат е забележана во Апостолските Установи кои датираат од доцниот трет и почетокот на четвртиот век по Христа. Сместена е во збирка на песнопенија за коишто авторот на Установите препорачува да се пеат наутро, навечер, пред јадење и при палењето на светилата. Свети Василиј Велики го спомнал ова молитвословие како дел од живото предание. Уште во негово време (средината и крајот на четвртиот век) оваа молитва се сметала за древна.

Повеќе