Разлика помеѓу преработките на „Шаблон:Featured“

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
с
 
(Не се прикажани 23 меѓувремени преработки од истиот корисник)
Ред 1: Ред 1:
[[Image:sophrony8.jpg|right|frame|Архимандрит Софрониј]]
+
'''Светлино тивка''' (цсл. „Све́те ти́хий“, ст.грч. „Φῶς Ἱλαρόν“, лат. „Lumen Hilare“) е едно од најраните христијански молитвословија од небиблиско потекло кое непрекинато се користи повеќе од 15 века на Вечерната богослужба.
'''Старец Софрониј (Сахаров)''', познат и како архимандрит Софрониј, е најпознатиот ученик и биограф на св. Силуан Атонски, уредник и издавач на делата на св. Силуан и основач на ставропигијалниот манастир на св. Јован Крстител во Есекс, Англија. Старец Софрониј е роден на 23 септември 1896 година, како Сергеј Симеонович Сахаров во православно семејство, во Русија. Како дете, Сергеј секојдневно се молел, дури и по 45 минути на ден без никаков проблем; исто така, младиот Сергеј многу читал книги, така што на рана возраст ги имал прочитано класиците на руската книжевност Тургењев, Достоевски, Толстој, Гогољ и Пушкин.
 
  
Поради неговиот ликовен талент, Сергеј се запишал и учел на Академијата на Уметности во периодот од 1915 и 1917 година, и потоа во Московската Школа за сликање, скулптура и архитектура, помеѓу 1920 и 1921. Според неговите кажувања, во тоа вреем тој ја користел уметноста како „квази-мистично“ средство за „откривање на вечната убавина“, „бегање од сегашната реалност... во новите хоризонти на битствувањето.“ Подоцна, ова искуство му помогнало да ја разликува човечката интелектуална светлина од Божјата Несоздадена Светлина. Токму за време на неговите студии во Московската Школа, Сергеј го согледува христијанскиот фокус на личносната љубов како ограничен и конечен, и тоа го одвраќа од Православието кон Индиските мистични религии, засновани на безличниот Апсолут. Во 1921 Сергеј ја напушта Русија и ја продолжува својата уметничка кариера во Западна Европа, прво во Италија, па Берлин, за на крај, во 1922 да дојде во Париз.
+
[[Молитва]]та „Светлино тивка“ за прв пат е забележана во Апостолските Установи кои датираат од доцниот трет и почетокот на четвртиот век по Христа. Сместена е во збирка на песнопенија за коишто авторот на Установите препорачува да се пеат наутро, навечер, пред јадење и при палењето на светилата. [[Свети Василиј Велики]] го спомнал ова молитвословие како дел од живото предание. Уште во негово време (средината и крајот на четвртиот век) оваа молитва се сметала за древна.
  
Во 1924 Сергеј увидел дека Христовиот повик за возљубување на Бога со сето свое битие не е психолошко нешто, туку онтолошко; и дека оваа целосна љубов е единствениот начин за обраќање кон Бога; и дека љубовта мора да биде личносна. И токму таа година, на Велика Сабота, тој се вратил во Православието. И таа вечер тој ја почувствувал силата на Несоздадената Светлина на толку силен начин, како што никогаш пред и после тоа нема да ја почувствува, што како резултат го имало неговото повлекување од уметноста; веднаш после тоа станал еден од првите студенти на Православниот Богословски Институт „Св. Сергиј“ во Париз, каде професори му биле отец Сергеј Булгаков и Николај Бердјаев. И двајцата извршиле големо влијание во неговиот живот, но и двајцата умерено го одвратиле од себе, поради софиологијата (Булгаков) и анти-аскетизмот (Бердјаев). Во 1925, наоѓајќи дека формалното богословие не го исполнува, Сергеј заминува на Света Гора за да се замонаши.  
+
Имено, според едно предание, на Гробот Христов во Ерусалим стоело постојано запалено кандило чија светлина ја символизирала живата Христова Светлина. Христијаните се собирале околу Гробот, а химната „Светлино тивка“ се пеела при изнесувањето на свеќа запалена од кандилото на гробот, чијшто пламен ја повикувал Црквата да Го слави Господа воскреснатиот. „Свете тихиј“ е првото целосно песнопение што може да се смета за такво во денешна смисла на зборот.
  
[[Старец Софрониј|повеќе]]
+
Се верува дека свети Атиноген, кој се слави на 16 јули според стариот календар, а кој пострадал за време на диоклецијановите прогонства, на патот кон неговото губилиште ја испеал оваа песна. Иконата на којашто е прикажан овој светител ја доловува сцената на еден постар Епископ кој пее додека чека да биде погубен; раката на мачителот, пак, стои парализирана додека свештеномаченикот ја произнесува оваа последна своја молитва.
 +
 
 +
[[Светлино тивка|Повеќе]]

Последна преработка од 17:23, 4 февруари 2014

Светлино тивка (цсл. „Све́те ти́хий“, ст.грч. „Φῶς Ἱλαρόν“, лат. „Lumen Hilare“) е едно од најраните христијански молитвословија од небиблиско потекло кое непрекинато се користи повеќе од 15 века на Вечерната богослужба.

Молитвата „Светлино тивка“ за прв пат е забележана во Апостолските Установи кои датираат од доцниот трет и почетокот на четвртиот век по Христа. Сместена е во збирка на песнопенија за коишто авторот на Установите препорачува да се пеат наутро, навечер, пред јадење и при палењето на светилата. Свети Василиј Велики го спомнал ова молитвословие како дел од живото предание. Уште во негово време (средината и крајот на четвртиот век) оваа молитва се сметала за древна.

Имено, според едно предание, на Гробот Христов во Ерусалим стоело постојано запалено кандило чија светлина ја символизирала живата Христова Светлина. Христијаните се собирале околу Гробот, а химната „Светлино тивка“ се пеела при изнесувањето на свеќа запалена од кандилото на гробот, чијшто пламен ја повикувал Црквата да Го слави Господа воскреснатиот. „Свете тихиј“ е првото целосно песнопение што може да се смета за такво во денешна смисла на зборот.

Се верува дека свети Атиноген, кој се слави на 16 јули според стариот календар, а кој пострадал за време на диоклецијановите прогонства, на патот кон неговото губилиште ја испеал оваа песна. Иконата на којашто е прикажан овој светител ја доловува сцената на еден постар Епископ кој пее додека чека да биде погубен; раката на мачителот, пак, стои парализирана додека свештеномаченикот ја произнесува оваа последна своја молитва.

Повеќе