Разлика помеѓу преработките на „Шаблон:Featured“

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
с
 
(Не се прикажани 39 меѓувремени преработки од 2 корисници)
Ред 1: Ред 1:
[[image:Johnkronstadt.jpg|thumb|right|Свети Јован Кронштатски]]
+
'''Светлино тивка''' (цсл. „Све́те ти́хий“, ст.грч. „Φῶς Ἱλαρόν“, лат. „Lumen Hilare“) е едно од најраните христијански молитвословија од небиблиско потекло кое непрекинато се користи повеќе од 15 века на Вечерната богослужба.
'''Свети праведен Јован Кронштатски''' е роден на 19 октомври 1829 година во Сур, Архангелска губернија, во богоугодно руско семејство од родители Илија и Теодора. Од 1855 година служел како свештеник во храмот на светиот апостол Андреј Првоповикан во Кронштат. Токму таму и започнал да ги врши делата на милосрдие по кои и многу се прославил. Бил прославен и почитуван уште во времето на неговото претставување пред Бога. Канонизиран е од Руската Задгранична Православна Црква во 1964 година, и во 1990 година од Руската Православна Црква. Вториот по големина манастир во Санкт Петерзбург е посветен на овој светител. Неговиот спомен се празнува на 20 декември, односно 2 јануари.
 
Повеќе од 300 години неговите предци биле свештеници во тој крај. Неговото семејство секогаш се грижело за духовната странана животот и важело како едно од најправославните христијански семејства во селото Сура. Свети Јован, како дете ништо не го влечело кон детските игри, па за време на празниците се шетал низ шумичката и со задоволство ги гледал растенијата и животните. Нему уште поблиску му биле Господ и Црквата, бидејќи од најрано детство родителите го воделе во храм на молитва. Сеќавајќи се на тоа време, подоцна пишува: „Сакав да се будам навечер за молитва... кога сите спиеја, кога е тишина. Најмногу и најчесто се молев на Бога да ми ја подари светлината на разумот за утеха на моите родители.“ Детството во родителскиот дом и годините на богословско учење ги поминал во голема сиромаштија. Светото Евангелие на Црковнословенски јазик го водело низ неговиот живот, посебно низ младоста и студиите, за што подоцна и самиот посведочи пред една игуманија. Оттука се запишал во местото Архангелск. Во 1851 година, свети Јован завршил богословија и како најдобар ученик бил испратен на Духовната академија. Во Петроград свети Јован бива ракоположен за свештеник и е испратен на служба да му помага на неговиот дедо во Кронштат.
+
[[Молитва]]та „Светлино тивка“ за прв пат е забележана во Апостолските Установи кои датираат од доцниот трет и почетокот на четвртиот век по Христа. Сместена е во збирка на песнопенија за коишто авторот на Установите препорачува да се пеат наутро, навечер, пред јадење и при палењето на светилата. [[Свети Василиј Велики]] го спомнал ова молитвословие како дел од живото предание. Уште во негово време (средината и крајот на четвртиот век) оваа молитва се сметала за древна.
  
Подоцна, ја презел службата како млад свештеник во таа област.  
+
Имено, според едно предание, на Гробот Христов во Ерусалим стоело постојано запалено кандило чија светлина ја символизирала живата Христова Светлина. Христијаните се собирале околу Гробот, а химната „Светлино тивка“ се пеела при изнесувањето на свеќа запалена од кандилото на гробот, чијшто пламен ја повикувал Црквата да Го слави Господа воскреснатиот. „Свете тихиј“ е првото целосно песнопение што може да се смета за такво во денешна смисла на зборот.
  
[[Свети Јован Кронштатски|повеќе]]
+
Се верува дека свети Атиноген, кој се слави на 16 јули според стариот календар, а кој пострадал за време на диоклецијановите прогонства, на патот кон неговото губилиште ја испеал оваа песна. Иконата на којашто е прикажан овој светител ја доловува сцената на еден постар Епископ кој пее додека чека да биде погубен; раката на мачителот, пак, стои парализирана додека свештеномаченикот ја произнесува оваа последна своја молитва.
 +
 
 +
[[Светлино тивка|Повеќе]]

Последна преработка од 17:23, 4 февруари 2014

Светлино тивка (цсл. „Све́те ти́хий“, ст.грч. „Φῶς Ἱλαρόν“, лат. „Lumen Hilare“) е едно од најраните христијански молитвословија од небиблиско потекло кое непрекинато се користи повеќе од 15 века на Вечерната богослужба.

Молитвата „Светлино тивка“ за прв пат е забележана во Апостолските Установи кои датираат од доцниот трет и почетокот на четвртиот век по Христа. Сместена е во збирка на песнопенија за коишто авторот на Установите препорачува да се пеат наутро, навечер, пред јадење и при палењето на светилата. Свети Василиј Велики го спомнал ова молитвословие како дел од живото предание. Уште во негово време (средината и крајот на четвртиот век) оваа молитва се сметала за древна.

Повеќе